Шекеринска на средба со министрите за одбрана за одбрана од Западен Балкан и Австрија

Министерката Радмила Шекеринска денеска во австрискиот град Кремс учествува на конференција на министрите за одбрана од Западен Балкан и Австрија, посветена на соработката во регионот и неговите перспективи во ЕУ.

На конференцијата министрите ќе потпишат заедничка Декларација за соработка и дијалог која опфаќа повеќе активности за одбранбена соработка во јакнењето на отпорноста на регионот, едукацијата, тренинзи и заеднички придонес во ЕУ операции за кризен менаџмент, соопшти Министерството за одбрана.

Во рамки на конференцијата Шекеринска ќе има средба со министерката за одбрана на Австрија, Клаудија Танер, на која ќе стане збор за соработката во одбраната и поддршката што Австрија ја даде на Северна Македонија при неодамнешните пожари и во пандемијата.

Шекеринска ќе учествува и ќе има обраќање и на прес-конференцијата која ќе се одржи по повод потпишувањето на Декларацијата од страна на министрите за одбрана. Конференцијата во Кремс се одржува во таканаречен „Грац-формат“ со учество на Северна Македонија, Србија, Албанија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Австрија во име на ЕУ, воспоставен во 2018 во Грац со цел зголемување на врските меѓу регионот и ЕУ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *