МПЦ-ОА: Православните христијани на пописот да се изјаснат како православни христијани

Светиот архиерејски синод (САС) на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА) ги повикува сите православни христијани, при пописот на населението, да ја искористат можноста, во делот за религиозна припадност, да се изјаснат како православни христијани , бидејќи таа опција постои во методологијата за попишување, а попишувачите се обврзани таквата определба да ја заведат при пописот.

-Православен христијанин – е јасна и недвосмислена идентитеска определба на сите кои ѝ припаѓаат на Светата Православна Црква. Истовремено ваквото изјаснување на македонските граѓани е и остварување на основните верски слободи  и права во македонското општество, велат од Канцеларијата на САС на МПЦ – ОА.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *