ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Штом централните сили биле истерани од грчките територии, грчката влада, со усвојување на ЗАКОНОТ 1051, инаугурирала нова административна jурисдикциjа да управува со новостекнатите земjишта во Македониjа.

Кога започнало да станува јасно дека силите на Антантата ќe јa добијат војната, охрабрени од принципите на Вудроу Вилсон за националност, многу македонски лоби групи ги положиле своите надежи во Мировната конференциjа во Версај. Четиринаесетте принципи на Вилсон за националност имплицитно го потврдувале правото на сите народи на самоопределување.

Во своето обраќање на Пансловенското собрание во Одеса, во август 1914 година, Крсте Мисирков барал постигнување автономиjа со дипломатски средства. Еден напис бил напишан и испратен во многу места како циркуларно писмо, во мај 1915 година, во кое конкретно се третирал повикот за автономност.

Студентската организациjа “Независно друштво” /Independent Society/ во Женева, Шваjцариjа, под слоганот “Македониjа на Македонците”, побарала примена на Вилсоновите принципи за да се формира една автономна Македониjа врз основа на принципите на шваjцарскиот федеративен модел

Оние што останале од ВМРО, исто така, презеле деjство нa митигот за автономна Македонија. Откако Бугарите го убиле Јане Сандански во 1915 година, неговите следбеници побегнале од пиринскиот регион за да си ги спасат главите, а подоцна се регрупирале во Серес за да го формираат “Cерскиот револуционерен совет”. Откако го перцепирал поттикот за обединување на Jужните Словени против централните сили, Советот издал една “Декларациjа за автономност” во октомври 1918 година, во која тој апелирал за членство во една балканска федерациjа врз основа на македонски териториjален интегритет.

Оваа молба на крај била одбиена од владеjачките клики на Кралството на Србите, Хрватите и Словенците, кое подоцна станало познато како Jугославиjа.” “Залагаjќи се за политичка и економска хегемониjа над Балканот, балканскиот национализам ги фрлил балканските народи и држави во длабоки контрадикции и конфликти кои морале да започнат со војна и да завршат со војна и секогаш војна”. (Стр. 158- 159, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).

Уште еднаш македонскиот народ се нашол во центарот на интересирањето да моли за својот случаj, но уште еднаш му бил забранет влез, уште еднаш бил исклучен. Уште колку други воjни мора да бидат водени и уште колку многу крв мора да биде пролеана за светот да сфати дека нема крај на балканските конфликти без вклучување на македонскиот народ во решавањето на македонското прашање?

1kr1234

На мировната конференциjа, која наводно била “суд, односно трибунал на меѓународната совест”, немало место за “Вилсоновната правда”, или можност за самоопределување. Наместо да го практикуваат она што го проповедаат, таканаречените “миротворци од Версај” јa наградиле агресиjата во замена за своите лични интереси.

Со еден потег на перото, во 1919 година, во Договорот од Версај (Париз), Англиjа и Франциjа jа запечатиле македонската судбина, со тоа што ги ратификувале принципите на Букурешкиот договор и официjално јa одобриле поделбата на Македониjа. Ова на Грциjа и јa дало дозволата што и трбала за да продолжи со насилно протерување и денационализациjа на Македонците и да почне масовна колонизација со “пресадување” на “потенциjални Грци” во анексираните територии на Македониjа.

Неулската конвенциjа /The Neuilly Convention/ предвидувала присилна размена на населениjа. Од делот на Македониjа што Грциjа го окупирала, околу 70.000 Македонци, од окупираните делови на Македониjа од страна на Грциjа, биле протерани во Бугариjа, а 25.000 “така наречени Грци” биле пренесени од Бугариjа во окупираната Македониjа од страна на Грциjа.

“Македонската судбина е предмет на секој вид политичка комбинациjа, преговарање и договори од 1912 година, сите понеморални од претходните, сите целосно игнорираjќи ги локалните интереси и желби на едно население кое со еден потег на пенкалото на политичките лидери може да биде осудено на национално распаѓање, да му биде негирано правото на слободно национално живеење, додека Арменците, Албанците и Евреите добиваат политичка слобода,” (Стр. 160, Радин, “ВМРО и македонското прашање”).

Големите сили не се осмелиле да јa изгубат стратешката важност и потенциjално корисното богатство во Македониjа, ниту, пак, се осмелиле да ги разочараат своите докажани соjузници на Балканот. Помислете само на бескраjните расправии и поплаки!

Она што било изненадувачко, особено за балканската делегациjа, било покренувањето на македонското прашање од Италиjа. На 10 jули 1919 година, Италија заедно со САД, до Комисиjата за формирање нови држави доставиле предлог за македонска автономност. Франциjа категорично му се спротивставила на предлогот, додека Британиjа предложила формирање на петгодишно повереништво за Македониjа под закрилата на Лигата на народи. Грциjа и Србиjа, со тоа што одбиле да го признаат постоењето на македонското прашање, буквално го уништиле предлогот.

1kr1235 1kr1236

Друга точка, што произлегла од Версај бил членот 51, кодот на Лигата на народи да “ги штити националните малцинства”. Членот 51 од Версаjскиот договор се заложува за еднаквост на граѓанските права, образование, jазик и религиjа за сите национални малцинства. За жал, членот 51 никогаш не бил применет од страна на балканските држави или ставен во сила од Лигата на народите и кој Грциjа и Бугариjа до ден-денес го кршат и игнорираат. Зошто е ова вака? Бидеjќи до ден-денес, Грција и Бугариjа тврдат дека “македонската националност” не постои и никогаш не постоела. Според тоа, кое малцинство би требало тие да го штитат? Како одговор на грчкото тврдење, би сакалe на Грците да им ги поставиме следниве прашања;

1. На кои малцинства вие се повикувавте, кога на 29 септември 1924 година, вашиот министер за надворешни работи Николаос Михалакопоулоу /Nikolaos Mihalakopoulou/ потпиша договор со бугарскиот министер за надворешни работи Калков /Kalkoff/?

2. На кои малцинства вие се повикувавте, кога на 17 август 1926 година склучивте договор со Jугославиjа во врска со националноста на “Славофоните” во Грциjа?

(Стр. 159-161, G.А.L. I Kata Tis Makedonias Epivouli, (Ekdosis Deftera Sympepliromeni), Athinai 1966).

На 29 септември 1994 година, Грциjа потпишала договор со Бугариjа, изjавувајќи дека Македонците во Грциjа биле Бугари. За да не ги разочараат Србите, кога тие дознале за грчко-бугарскиот договор, Грците го промениле своето мислење и на 17 август 1926 година изjавиле дека Македонците вo Грциjа всушност биле Срби.

Како што се испоставило, гласно прокламираните “Вилсонови принципи” на Париската конференциjа биле само за претстава. Вистинските победници на крајот на конференциjата биле “играчите”, а наjголемиот од сите Венизелос на Грциjа.

“Целиот форум беше фарса, а неjзино чедо Версаjскиот договор, крајна навреда за дигнитетот и самопочитувањето на долгоизмачуваниот македонски народ (она што остана од нив по долгата војна и крвопролевање). Оние Македонци, поттикнати од совеста, од нeдовербата добиена по страдањето со генерации и од желбата за слобода, оттогаш го третирале Версаjскиот договор и сите политички договори со омраза што и ја заслужуваат.” (Стр. 166, Радин, “ВМРО и македонското прашање).

Со склучувањето на Договорот, Грциjа го добила тоа што претходно гo имала анексирано и, дополнително, добила голем дел од Епир, западна Тракиjа, Крит и егеjските острови. Важно е овде да се спомене дека, кога била потпишана потврдата за независност на Албанија, на Лондонската конференција, во февруари 1920 година, поголем дел од македонската територија бил поделен. Едно тесно парче земја, кое поминува преку Охридското Езеро и jужно по должината на македонската западна граница, и било дадена на Албаниjа.

Набрзо по враќањето во Грциjа, победоносниот Венизелос, во еден говор одржан во Солун, ги наjавил своите планови за една “поголема Грциjа”, (Голема идеjа) и за здружување на сите “грчки народи” во една поголема грчка држава.

Риато Стефов памети, како дете, како ги слушал старите во неговото село, кои седејќи на чардакот прераскажувал приказни од минатите воjни кога, како млади воjници, ги гонеле Турците до Анкара, викајќи “дваjца Турци на баjонет”. Тие, исто така, раскажувале стории како им требало шеесет дена да преминат шеесет милjи и како ги изгубиле истите за само еден ден повлекување. Тој не разбирал за што зборувале тогаш, но тоа се однесувало на грчките потфати во Мала Азиjа.

Како што претходно е спомнато, по натрупувањето на големо воено присуство во Мала Азиjа, една голема офанзива започнала во март 1921 година, а до крајот на летото, грчките воjски стигнале до реката Сакарја /Sаkаrуа/, на околу четириесет милjи од Анкара.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ  И

1slave 5СЛАВЕ КАТИН

15 thoughts on “ДЕЛ ОД СУДБИНАТА НА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *