СОСТАВ НА АНТИЧКОТО НАСЕЛЕНИЕ НА БАЛКАНОТ

Венетските натписи од Дура-Еуропос им даваат тежина на се’ уште посредните докази за нашата првобитна претпоставка дека Аледксандар и неговиот македонски народ може, сосема точно, да биле Венети.

Ако ова се покаже дека е точно, тогаш македонскиот народ денес ќе ја има секоја оправдана причина да го бара назад своето лингвистичко наследство.” (Charles BryantAbram, PhD, FSO Linguistics, Medieval Castilian philology, Universite de Montreal). Написот во целина може да го најдете на http://www.niagara.com/~jezovnik/anthony_ambrozic.htm, поднаслов “Refinement and Future Directions in Venetic Scholarship”.

Ги вклучивме претходните три цитатити за да го нагласиме фактот дека:

1. Научниците кои припаѓаат на широкоприфатената мисла почнуваат да признаваат дека вообичаената античка историја за Европа, вклучувајќи ја и историјата за Македонија, е политички мотивирана и дека не обезбедува едно реалистично толкување на настаните од минатото.

2. Вообичаените теории за предисторијата се ставени на предизвик и го губат тлото под налетот на новите и револуционерни идеи, поткрепени со археолошки и лингвистички докази и од страна на науката.

3. На крај, постојат археолошки и лингвистички докази кои обезбедуваат објаснувања за вистинскиот идентитет на предисториските и античките Македонци.

Како што е покажано во есејот на Антониј (погоре), вообичаената историја не е само оспорувана поради идентитетот на предисторискиот балкански народ туку, исто така, и поради идентитетот на сите индоевропски нации кои ја зафаќале цела Централна Европа во текот на предисториското време.

1fel1234Древна Северна Италија

Традиционалното размислување е дека предците на денешните Германци биле првиот народ што ја населил Централна Европа. Но, со археолошките научните и лингвистичките докази тоа размислување се оспорува и губи тло. Потпомогнати од ДНК, генетските и археолошките докази, се повеќе и повеќе научници се убедени дека предисторискиот индоевропски народ на Централна Европа, познат под многу имиња, не биле протогерманците туку протословените. Спротивно на вообичаените мислења дека Словените мигрирале кон Балканот околу VI век по Христа, овие “нови докази” изгледа дека не водат кон заклучокот дека Словените отсекогаш биле таму и дека отсекогаш живееле онаму кадо што живеат денес.

Ако сакате да научите повеќе за предисторискиот идентитет на централните Европејци или ако сакате да ги 47 проучите преводите на различните предисториски натписи, Ве молам погледнете ги делата на Антониј Амброжич, Јошко Шавли, Матеј Бор и на Иван Томажич (видете го списокот за литература за имињата на книгите).

Ако сакате да дознаете повеќе за делото на Васил Иљов, за македонските артефакти, античките натписи и преводи, Ве молime посетете го вебсајтото на “Macedonian Civilization” – http://www.unet.mk/ancient-macedonianspart2/index.html.

Со искрснувањето на се’ повеќе и повеќе докази, ќе има и докази дека македонскиот континуитет од предисториско време досега никогаш не бил прекинат. Ова ќе ја одбрани македонската нација, а ќе ги разоткрие сите грчки фалсификати за она што тие навистина се. Македонскиот народ отсекогаш знаел каде се неговите корени, но никогаш немал докази за да го докаже тоа. Сега, за првпат, постојат видливи докази кои, без сомнение, ќе докажат дека современите Македонци се потомци на античките Македонци и дека античките Македонци никогаш не биле Грци.

Се наоѓаме на работ на една историска револуција која е спремна да ги уништи оковите на менталитетот на XIX век за историјата која е политички мотивирана и националистички енергизирана. За првпат имаме докази минатото да го поставиме правилно.

Во текот на есента 2002 година, кога Ристо Стефов размислуваше за пишувањето на оваа Глава, му ја спомнал идејата на Васил Богов, автор на Македонските откровенија, Историски документи, Распарчена современа политичка идеологија. Мислејќи дека ќе пишува конвенционална “класична историја”, неговата прва реакција била да го замоли да не го прави тоа, бидејќи тоа ќе ги промовира лагите и невистините на класичната историја и, уште повеќе, ќе ги легитимира грчките претензии за античка Македонија. Нешто што Васил му кажач во текот на тој разговор, многу го збунило.

1fel1235Македонска фаланга 

Имено, додека истражувал за неговата книга, Васил отишол во северна Италија за да разгледува. На едно од неговите патувања, туристичкиот водич ги однел на забава во едно оддалечено село. Тоа било селото на предците на туристичкиот водич, која била девојка, и таму се’ уште живеело нејзиното семејство. На типичен италијански начин, мајката на девојката излегла од куќата и гласно ги поздравила туристите на италијански јазик. Но, кога таа зборувала со својата ќерка, зборувала на поинаков јазик кој не припаѓал на тој регион.

На изненадување на Васил, тој ги разбрал повеќето зборови кои за него звучеле како да се македонски зборови од костурско-леринскиот регион. Умирајќи од љубопитност, Васил веднаш почнал да се распрашува. Очекувајќи семејството да биде македонско, на негово изненадување, младата девојка му рекла на Васил дека јазикот што тие го зборуваат е стар италијански дијалект што постоел пред римското доба и дека во многу оддалечени села се уште се говори.

Многу добро го знаев Васила и верувам дека не ми кажуваше приказни, така што долго време упорно размислував за оваа “аномалија”. Како може луѓе, толку многу назад во времето, да зборуваат македонски? Морало да има некаква грешка? Бевме наведени досега да веруваме дека Словените дошле од североисточна Европа во текот на VI, VII и VIII век по Христа, ама што правел народот што зборува словенски во северна Италија, 100 години пред Христа?

Никогаш не бевме слушнале за такво нешто пред тоа. Не можевме да најдеме одговори. Всушност, не можевме да најдеме документација која упатува дека Словените било кога се населиле во северна Италија. Тогаш, некаде на почетокот на март 2003 година, откако го прочитав англискиот превод на Антон Скербинц на словенечките текстови на венетски јазик, се почна да добива смисла.

Македонците не се осамени во својата потрага по вистината. Другите словенскоговорни народи, кои биле оковани и врзани од истите политички мотивирани историски идеологии, исто така, бараат одговори. Главни во трагањето се Словенците кои се осмелија да го оспорат стариот систем на верувања кој дејствува врз ставовите и кои сега се во процес на правилно поставување на историјата.

Има такви кои веруваат дека Словенците се најтесни роднини и дека имаат најмалку нарушени врски со предисториските Индоевропејци. Вгнездени во Алпите, Словенците преживеале многу инвазии и многу обиди за  асимилација. Тие, исто така, веруваат со обемни и доволни докази да докажат дека Централна Европа, вклучувајќи ја и Италија, биле населени од страна на протословенските Венети многу порано од таканаречените преселби на Словените во VI век по Христа.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3СЛАВЕ КАТИН

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *