Пендаровски присуствуваше на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на Украина

Претседателот Стево Пендаровски денеска на плоштадот на независноста во Киев присуствуваше на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина.

Како што соопштија од Kабинетот на претседателот, на настанот, на којшто се обрати претседателот на Украина, Володимир Зеленски, се одржаа церемонии на подигнување на украинското знаме и доделување признанија, како и празнична парада на вооружените сили на Украина.

Во палатата Маријински, претседателот Пендаровски присуствуваше на прием, приреден од украинскиот претседател Зеленски.

Прославата на 30-годишнината од независноста на Украина се одржува под слоганот „Ти си моја единствена“ со присуство на над четириесетина делегации од земји и меѓународни организации со стотици странски гости, вклучително и шефови на држави, претставници на странски влади и парламенти, стои во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *