Соопштение за јавност во врска со светскиот протест за одбрана на нашето право на самоопределување и заштита на Македонскиот идентитет

Почитувани,

 

По повод глобалната граѓанска иницијатива „Ние сме Македонија“ за светски протест в недела, на 4 март 2018 година, „во одбрана на нашето право на самоопределување и заштита на Македонскиот идентитет“, Претседателот на Македонската Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, го соопштува следното:

 

Македонска Алијанса изразува јавна поддршка на оваа голема патриотска иницијатива. „Ние сме Македонија“ е гласот на Македонците од сите континенти кои секојдневно се покренуваат борејќи се против неправдата која и се прави на Татковината. Уште еднаш се докажува дека Македонија е секаде каде чука барем едно македонско срце! Овој светски протест ќе биде доказ дека Македонија се сака со дела и дека сеуште има кој да се бори за неа. Како дел на оваа иницијатива Македонската Алијанса ги повикува своите членови, поддржувачи и симпатизери да се приклучат на протестот.

 

Длабоко сме уверени дека највисока патриотска должност е да бидеме иницијатори на масовното организирање на Македонскиот народ во одбрана на Уставното име и Македонскиот идентитет! Ова е само почеток! Бараме итен прекин на преговорите со цел заштита на името на државата, на националниот идентитет и на јазикот, кој воедно е постулат на Македонска Алијанса врз кои ја темелиме нашата работа на оваа тема.

 

Ги повикуваме сите влијателни поединци во Македонија и низ целиот свет активно да се вклучат во лобирањето за прекин на овој срамен чин на кои на некој начин не тераат нашите соседи! Ниедна држава не смее да биде заложник на туги интереси и каприци преку кои се спречува процесот на развој а воедно се кршат и голем број на човекови права.

Нашата Платформа за заштита на националните интереси и обезбедување сигурна иднина за Татковината ќе биде посветена токму на тие аспекти.   

 

За крај уште еднаш ги повикувам сите браќа и сестри Македонци во Татковината и надвор од неа, да покажеме дека овие луди обиди за велеоредавство и раздавање на Македонскиот национален идентитет нема да поминат!!!

 

ДА НЕ ДОЗВОЛИМЕ ДА НИ ГО ОДЗЕМАТ СВЕТОТО МАКЕДОНСКО ИМЕ И ИДЕНТИТЕТ!

 

                                                                                      МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                                 Претседател,

                                                                                        Ѓорѓија Џорџ Атанасоски