Свечена седница на Комитетот за односи меѓу заедниците по повод 20 години Охридски рамковен договор

Комитетот за односи меѓу заедниците денеска во Собранието ќе одржи свечена седница по повод одбележувањето на 20-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор.

Како што најавуваат од собраниската прес-служба, обраќање ќе имаат претседателот на Собранието Талат Џафери, првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците Артан Груби и други високи претставници од Владата на Република Северна Македонија и поранешни и актуелни членови на Комитетот од неговото основање досега.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *