Министерот за локална самоуправа Горан Милевски со претставници на граѓанскиот сектор, на општините и на два центри за развој денеска ќе потпишат 12 договори за кофинансирање на проекти за прекугранична соработка со Бугарија и со Косово.
Вкупната вредност на проектите на кои се однесуваат договорите изнесува 3,6 милиони евра.
Средствата се обезбедени од ИПА Програмата на Европската Унија за прекугранична соработка. Националното кофинансирање, што е задолжителен услов за користење на средствата од Европската Унија, е обезбеден од Буџетот на државата во износ од 337 илјади евра.
Пред потпишувањето на договорите предвидени се изјави за медиумите.
Your humor added a lot to this topic! For additional info, click here: FIND OUT MORE. What do you think?