Тринесетчлена група коњаници, членови на здружението „Бигорски Манастир – Патот на црешовото топче“ попладнево тргнаа кон Крушево во чест на националниот и државен празник Илинден и манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“. На гостиварскиот плоштад групата беше пречекана и испратена од стотина граѓани.
Коњаниците продефилираа низ Гостивар и застанаа на благослов во соборната црква „Света Богородица“ во Гостивар. Групата потоа се упати кон манастирот „Св. Јован Бигорски“ каде ќе им се приклучат уште пет коњаници. Таму од наутро по литургијата коњаниците свечено ќе положат заклетва и со благослов на игуменот Партениј, ќе го продолжат маршот кон Крушево.
Годинава со повозрасните коњаници од Скопје, Битола, Крушево, Гостивар, Сопотница и Тумчевиште ќе јаваат 11-годишно момче и три девојки.
Коњицата ќе помине по рутата долга околу 200 километри, поточно патот по кој било пренесено првото црешово топче како поддршка на востаниците. Според програмата на организаторите, групата коњаници на 2 август ќе учествува на прославата 10 дена Крушевска Република.
Wow, incredible weblog structure! How lengthy have you ever been blogging for?
you made blogging glance easy. The full glance of your web site
is fantastic, let alone the content material! You can see similar here najlepszy sklep
Hello! Do you know if they make any plugins to help with Search
Engine Optimization? I’m trying to get my website to rank for some targeted keywords but I’m not seeing very good results.
If you know of any please share. Appreciate it! I saw similar text
here: Scrapebox List
Wow, wonderful weblog layout! How lengthy have you been running a blog for?
you made running a blog look easy. The full look of
your web site is fantastic, let alone the content! You
can see similar here sklep online