ДЕЛ ОД ИСТОРИСКИТЕ ФАКТИ ЗА НАСЕЛУВАЊЕТО НА БАЛКАНОТ

Аргументирајќи дека индоевропското проширување се случило неколку милениуми порано отколку што тврди Ринфру, Алинеи обезбедува докази за еден континуитет на населување уште оттогаш. Затоа, неговата теорија станала позната како Теорија на континуитет.

Како доказ за погоренаведеното, Алинеи не потсетува дека во Анадолија, пред 4.000 години, имало три различни индоевропски јазици на кои зборувале три различнчи народи т.е. Хитите, Лувијците и Палаиксите (Hitites, Luwians, Palaiks). А бидејќи веќе знаеме дека оние кои говореле на овие јазици веќе дошле во Анадолија пред 5.000 години, тешко е да се замисли дека во текот на четвртиот милениум пред Христа се’ уште постоел еден заеднички индоевропски јазик. За ваквата хипотеза би било неопходно индоевропскиот јазик да дифузирал толку брзо на три различни јазици, на толкав ограничен простор, во текот на само неколку века. Тоа би било спротивно од секоја утврдена лингвистичка опсервација.

Теоријата на континуитет ги разнишала темелите на Курганската теорија и ја разоткрила песокливата конструкција врз која се потпира таа. Заглибен во неа, во неразмрсливиот жив песок, е Аријанскиот мит за прадедовски супервоин-јавач, чија креативна животна сила избива со божествена енергија врз примитивните прединдоевропејци и им ги пресадува своите гени, јазикот и културата на сите оние кои му се покориле, а ги истребува оние кои не му се покориле.

Теоријата на континуитет е во целосна согласност со последниот напредок во областа на генетиката. Според Џозеф Скуљ / Joseph Skulj од Торонто, генетиката упатува на Балканот како место-засолниште во текот на леденото доба и како место кое оттогаш има релативно ненарушена историја на населување на автохтоно население.

1fal12Украинска древна населба

Теоријата на континуитет, исто така, е предизвик, особено за Словенците, наследници на лингвистичкиот телескоп во замагленото минато. Таа е благовремен поттик за тие да ги отфрлат постулатите на застарената Курганска теорија и да и се придружат на потрагата по нови перспективи.

За таа цел, извршено е истражување на натписите на старофригиски и ранотракиски јазик (Old Phrygian, Early Thracian) од Анадолија и Тракија. Со поставување на зборовите на старофригиски и на словенечки, едни покрај други, во мојата книга “Гордиевиот јазол размрсен”, демонстрирано е колку малку тие се разликуваат во текот на речиси 3.000 години. Во половината интервал што Курганската теорија го доделува за дифузија на основниот индоевропски јазик во посебни јазици, старословенскиот (т.е. старофригискиот) речиси воопшто и да не се променил. 

Особено во дијалектичките форми, тој се уште одекнува во текот на 26 века, со мали измени во изговорот, морфологијата или значењето, синтаксата или структурата на речениците во однос на современиот словенечки јазик. Тој се уште одекнува во дикцијата на малите затскриени места во словенечките Алпи, 2.700 години откако царството на легендарните кралеви Мида и Гордиј /Midas и Gordius/ се распаднало под силните напади на Кимеријците.

Бескомпромисната цврстина и жилавост на словенечкиот јазик, кој тврдоглаво се држи за својот лингвистички главен  клин, носен низ вековите со бурите од север и од југ, само по себе е позитивен доказ дека индоевропските корени се покриени во пазувите на многу подалечно минато од шесте илјади години кои Курганската теорија им ги доделува.

Во тој контекст, за да се фиксира дефинитивен фокус врз словенската перспектива на ова прашање, ќе бидат цитирани неколку посилни извадоци од Теоријата на континуитет на Марио Алинеи:

“Мораме да започнеме така што ќе расчистиме една од најапсурдните последици на традиционалната хронологија, односно таа за “доаѓањето” на Словените на огромното подрачје на кое живеат денес. Единствениот логички заклучок може да биде дека јужната гранка на Словените е најстара и дека од неа се развиле западните и источните гранки на Словените на различни начини и можеби во различните времиња.”

“Денес, само малубројни експерти ја поддржуваат теоријата за доцната миграција за Словените, … бидејќи ниедна од многуте различни верзии за таквото доцнежно населување не дава одговор на прашањето кој суштински фактор би можел евентуално да им овозможи на Словените да ги напуштат своите огништа од бронзеното доба за да станат доминантни народи на Европа, Југозападниот дел од Словените секогаш се граничел со италијанскиот народ во Далмација, како и во подрачјето на источните Алпи и рамнината по течението на реката По.”

1fal13

“Претпоставената “словенска миграција” изобилува со недоследности. Не постои “северен словенски јазик”, туку поточно тој е само варијанта на јужниот словенски јазик… Првите металуршки култури на Балканот се словенски… и се поврзани со Анадолија… Присуството на Словените на територијата, речиси идентична на онаа што тие денес ја зафаќаат, постои веќе од каменото доба…

Словените (заедно со Грците и другите балкански народи) го развиле земјоделството… земјоделско мешаната еконмија, типична европска, која подоцна го овозможила раѓањето на грчкиот, етрурскиот и латинскиот градски живот. Германските народи го посвоиле земјоделството од Словените… Балканот е еден од ретките региони во кој е докажано едно реално и вистинско населување на групи луѓе, кои доаѓале од  Анадолија…]. Ова е рационалната анализа на Антониј Амброжич.

Сфаќаме дека ве носиме подлабоко и подлабоко во академска активност, но верувам дека тоа е неопходно за да изградам солидна основа за моите аргументи”.

Следи македонски превод од последниот дел на говорот на Чарлс Брајант-Абрам (Charles Bryant-Abram), проф. Д-р на ФСО, даден на Светскиот словенечки конгрес, одржан од 20 до 21 септември 2001 година во Птујскиот замок, во близина на Марибор, Словенија.

“Но, ние навистина веруваме дека историјата треба да се напише, или поточно речено, повторно да се препише. Се наоѓаме на прагот на еден нов свет на увид во предисторијата на Европа и на Медитеранот.

Паралелно со тековната анализа на натписите на венетски јазик, мора да се преземе едно темелно истражување низ Балканскиот Полуостров, поради сите лапидарни (врежани во камен) докази за неговото поранешно постоење таму. Најважно – и обрнуваме внимание на ова и на други места – едно истражување мора да се изврши на сите натписи поврзани со периодот на Филип Македон што му претходи на хеленизацијата на неговиот син, Александар, под туторство на Аристотел. Мора да се поддржи и да се инсистира на една тесна соработка помеѓу македонските и грчките научници за овој потфат.

Охрабрени сме во оваа насока од наодите на Антон Амброжиќ кој успешно го демонстрираше присуството на Венетите во хелинистичкиот град Дура-Еуропос, основан од страна на еден офицер на Александар во Сириската Пустина, а уништен од страна на Сасанидите (the Sassanids) во 256 година по Христа, околу 400 години пред претпоставеното прво навлегување на Словените на Балканскиот Полуостров.

Продолжува 

Пишуваат:

1slave5 РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН