ДЕЛ ОД ОБРАЗОВНИТЕ И ОПШТЕСТВЕНИТЕ КАДРИ ОД ЉУБОЈНО – ДЕЛ I (7)

За Љубојно се карактеристични едукативните процеси. Тоа е село, кое отсекогаш било расадник на високообразовани кадри кои нашле свое место во нашето општество како воспитувачи, педагози, професори, писатели, доктори, инженери, правници и други професии, кои придонесувале за подобро и посреќно утре. Има голем број љубанци кои заради своите постигнувања на национално и општествено поле, потоа во политиката, образованието, науката,   дипломатијата,   културата,   публицистиката, спортот и други гранки имаат пошироки општествени заслуги,

Нема пишани документи, но според кажувањето на постарите љубанци, првото училиште во селото било изградено во втората половина на XIX век, веројатно во 1882 година. Училиштето било малечко и само со две училници во дворот на сегашното старо училиште, а за први учители се споменуваат љубанците Ристо Кондов и Јане Грков.

Според  летописната  книга  на  училиштето „Димитар Влахов“ од Љубојно, пак, со доброволна работа на селаните во 1907 година, изградено е ново-старото и просторно училиште. Тоа било на два ката со 8 училници, канцеларија и два ходника, во дворот на старото училиште, а во близина на центарот на селото. Првата настава во новото училиште започнала во 1908 година, а за први учители биле назначени: Климе, Каролина и Лена, сите Македонци по потекло од Охрид.

Во периодот од 1915 до 1930 година 13 љубанци завршиле гимназиско образование во Битола, а петмина од нив го продолжиле образованието надвор од Македонија и тоа: Михајло Попов, завршил медицина во Стразбур, Франција, во 1926 година; Владо Туџаров, завршил медицина во Женева, Швајцарија, во 1930 година; Васил Јанкуловски, студирал агрономија во Прага, Чешка; Стево Џајковски, завршил право во Белград; Стево Туџаровски, економија во Загреб, додека Методија Јовковски, Богија Ничевски, Јонче Ложенковски, Бончо Фотевски, Васил Поповски, Крсте Петковски, Ванчо Дораковски и Спиро Паспаловски учеле гимназија во Битола.

1lub21Панорама на Љубојно

Првите македонски учители во Љубојно биле: Методија Јовковски, Богоја Ничевски и Јосиф Кондовски од Љубојно; Филип Поповски од Долно Дупени, Фанија Чемчева од Воден, Егејска Македонија; Александар Хаџиевски од Ресен; Марика Манева од Битола и други.

Во учебната 1945/46 година, кога училиштето во Љубојно го добило името на македонскиот публицист и револуционер Димитар Влахов истото прераснало во петтолетка и претставувало пресвртница во образованието за Долна Преспа. Тогаш во Љубојно се отворил интернат за децата од Сливница, Крани, Штрбово, Наколец, Брајчино и Долно Дупени кои ќе го продолжат своето образование на свој мајчин македонски јазик.

Во учебната 1947/48 година училиштето прераснало во седмолетка, кога и излегла првата генерација по- луматуранти, меѓу кои биле: Божо Шерденковски, Ристо Грежловски, Јосиф Грковски, Ристо Стасовски, Крсте Ангеловски (од Долно Дупени) и други. Таа година се отвориле и аналфабетски курсеви за описменување на возрасното население.

До учебната 1971/72 година, училиштето во Љубојно работело како осмолетка во старата училишна зграда, а оттогаш до  денес  работи во новата училишна зграда во Чифлиг. Тоа полни 75 години од своето постоење и развој под истото име „Димитар Влахов“. Во него раководеле и предавале следните директори: Методија Јовковски, Стојан Лембовски, Павле Кондовски, Лазо Алабаковски…. сите од Љубојно, Филип Поповски и Трајко Макаровски од Долно Дупени, Христо Хаџиевски и Тодор Грнчаровски од Ресен, Ѓорче Коњановски од Перово и Живко Петревски од Езерени, Марица Мачковска од Дрмени, а мажена во Брајчино и актуелната директорка Сузе Ќоропановска e од Ресен.

Наставата во училиштето „Димитар Влахов“ во Љубојно ја воделе стотина учители, наставници и професори, меѓу кои, заради просторот, ќе ги споменеме само љубанци и тоа: Богоја Ничевски, Јосиф Кондовски, Јосиф Грковски, Ѓорѓи Кондовски, Мијал Чулаковски, Митре Ничевски, Драга Шерденковска, Севда Бубутиовска, Васил Манивиловски, Љубица Алабаковска и Елена Кондовска.

Интересно е да се спомене дека од Љубојно потекнуваат околу 150 академски граѓани, од кои околу 50 се лекари, потоа има голем број професори, правници, инженери, агрономи, писатели, културолози и со други професии. Затоа, често се вели дека Љубојно е расадник на интелектуалци.

Има голем број љубанци кои заради своите постигнувања на национално и општествено поле, потоа во политиката, образованието, науката, дипломатијата, културата,   публицистиката, спортот и други гранки имаат пошироки општествени заслуги, затоа, одреден број од нив се опфатени во овој дел на текстовите во продолжение..

Од истакнати општествено-политички, научни работници, дипломати и други видни граѓани од Љубојно треба да се споменат следните личности:

Јовко Јовковски e роден во 1925 година во Љубојно. Се школувал во Битола и во Белград, а Правен факултет завршил во Скопје. Тој е учес-ник во НОБ од октомври 1941 година, а во 1943 година се вклучил во Битолскиот партизански одред „Гоце Делчев“.

Поослободувањетона Македонија, Јовко Јовковски, како висок државен функционер, меѓу другото,бил раководител на Младинската организација, најпрвин во Преспа, а потоа во Битола и Битолско. Бил секретар на ОК КМ за Битолска и Ресенска околија, член на Бирото на Обласниот комитет на КПМ, секретар на Околискиот комитет во Ресен и Охрид.

Исто   така,   ја   извршувал   функцијата   главен директор на земјоделските стопанства како и директор на Заводот за урбанизам и станбено-комунални прашања.

На неколку конгреси бил избиран за член на ЦК КПМ и во неколку наврати бил и пратеник на Собранието на Македонија.

Јовко Јовковски бил потпретседател и претседател на Републичкиот одбор на Сојузот на борците на Македонија, по што бил избран во Сојузниот одбор на СБМ за секретар на неговото претседателство. Општествената и политичката кариера ги завршил како член на Сојузната влада и претседател на Сојузниот комитет за прашања на борците и инвалидите.

Носител е на Партизанска споменица 1941 година и на повеќе високи одликувања.

Проф. Божин (Божо) Шерденковски, дипломиран градежен инжинер и првиот универзитетски професор од Љубојно. Тој е роден во 1928 година во Љубојно, а починал во 2010 година. Основното училиште го завршил во родното место, а на Градежниот оддел при Техничкиот факултет се запишал во 1951 година и дипломирал во јуни 1958 година. За асистент по предметот мелиорации со хидротехнички објекти бил избран во април 1963 година. Бил избран за асистент во 1969 година, а во јуни 1971 година бил избран за наставник во звање доцент во групата предмети: водовод и канализација, мелиорации и санитарна хидротехника. Во ноември 1976 година бил избран за вонреден професор по истите предмети, а во октомври 1981 година бил избран за редовен професор.

1lub31

Дел од центарот (Полена) на Љубојно

Дојден од оперативата каде работел во областа за која бил избран, настојувал на студентите да им ја објасни материјата со примери од практиката кај нас и во светот, збогатени со последните сознанија и постигања. На постдипломските студии на Градежниот факултет – хидротехничка насока одржувал настава по предметот хидротехнички мелиорации.

Учествувал на бројни советувања од неговата област. Објавил голем број стручни и научни трудови, а бил и член на бројни општествени и научни организации.

Исто така, посебно место во историјата на Љубојно имаат и следните доктори од Љубојно: Васил Граматниковски, Лазо Србиновски, Спасе Јовковски, Цвета Карапашовска-Толевска, Божо Шерденковски и Никола Јанкуловски. Покрај гореспоменатите лекари, врвни стручњаци во медицината во Република Македонија и ширум светот се и: Васил Јовковски, Боро Шерденковски, Крсте Ничевски, Никола Граматниковски, Пеко Ралевски, Љупчо Крстиновски, Паца Јаневска (во Македонија), Благој Сековски, Наум Карапашовски, Јосиф и Стерјо Кондовски, Љуба Ничевска (во САД) и многу други.

Одреден број љубанци имале значајни општествени и други активности, меѓу кои: Методија Лембовски, Мијал Кичовски, Стево Џајковски, Михај Поповски, Стево Туџаровски, Славе Николовски-Катин, Петре Лубаровски, Кичо и Јосив Рајчовски, Фана и Владе Манивиловски (во Бистрица), Стојан Чулаковски (син на Кичо Чулаковски), Круме Манивиловски (од Јабука), Петре Србиновски, Ристосија Клунковска, Мирјана Поповска, Менка Карапашовска, Наум Јовковски, Спиро Фотевски, Михајло Петковски, Борис Лембовски, како и пејачката ѕвезда на Македонија Ламбе Алабаковски и други.

Исто така, и голем број љубански зетовци и снаи биле на видни места и заслужуваат да бидат споменати, мегу другите се: Стевче Павлевски – правобранител на Република Македонија, Михајло Толевски – министер, Нада Николовска – претседател на Сојузот по македонски јазик на Република Македонија, потоа д-р Евдокија Грковска, д-р Стојанка Лубаровска, Рада Граматникова, Лилјана Јовковска, Маригуда Петковскаи идруги, а од зетовците да ги споменеме: Цане Поповски, Блаже Димитровски, Бранко Мирчевски, Власто Ѓорѓевиќ, Борис Обедниковски, Јорго Проја, Сотир Цивкаровскии многу други.

Продолжува

1slave Пишува СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *