Библиски речник

Во ова продолжение за читателите  ќе го претставиме делот од „Библискиот реч ник“, кој ги содржи табелите: година, месец и денови, потоа мерки итежини, мерки за должина, мерки за одење, мерки за волумен и за тврди материи, мерки за течност и мерки за тежина, до пари

Така во Табели се поместени следните делови:

Година – Годината Еереите ја делеле на 12 лунарни месеци, со вкупно 355-6 денови. Одвреме навреме се повторувал последниот месец, како би се израмнила разликата меѓу соларната и лунарната година. За климата на Палестина значајни биле летото и зимата (1 Мој 8,22; 2 Мој 18,16). Според еврејскиот календар тековната година (1997.) е 5757. година.

Месец – Месеците во еврејската година се следните: нисан (март-април), ијар (април-мај), сиван (мај-јуни), тамуз (јуни-јули), ав (јули-август), елул (август-септември), тишри (септември-октомври), мархешван (октомври-ноември), кислев {ноември-декември), теает (декември-јануари), шеват (јануари-февруари), адар (февруари-март).

Денови – освен саботата (шабат – престанува, одмор), другите денови немаат називи, туку се спомнуваат по реден број, Јом ришон е недела, јом шени – понеделник, јом шлиши – вторник, јом ревиу – среда, јом хамиши – четврток, јом шиши – петок, Шабат – сабота. Денот започнуѕа со заоѓањето на сонцето и трае 24 часа. Сончевиот круг има 28 години, а лунарниот по 19 години. Во обичната година месецот хешван мма 29 дена, а кислев 30 дена. Таа има еден ден повеќе од непотполната, а пак еден ден помалку од полната година, Според тоа годините се делат на обична, непотполна, потполна, а годината на која и се додава последниот месец уште еднаш, е престапна.

Мерки и тежини – Постојат стандардни мерки за тежина, должина и волумен. Но не секогаш може да се утврди точноста на одделните мерки  што се спомнати во Библијата. Стандардните мерки за должина биле засновани на релативни велмчини – човечка шака или лакт, и денес не се користат. Мерките за далечина се засновале на времетраењето на патувањето или дофрлувањето на стрелата.   Житото се мерело повеќе со волумен, одошто со маса. Називите за мерките често произлегувале од називите на садовите во кои се чувало житото. Гомерот, најголемата мерка за жито (3 Мој 27,16) значи ,,магарешки товар” и изнесувал околу 200 литри. Следната мерка е ефа, наречена според садот затворен со капак и содржел околу една десетина од гомерот (2 Мој 16,36). Ока (Лк 16,6) е исто што и ефата, но се користел како мерка за течности. Гомер, што значи сноп бил мерка за собраната маса во пустината. Другите мерки спомнати во СП се користеле во трговијата: летек = 1/2 гомер; ин (2 Мој 29,40) бил еднаков на шесткратна количина што дневно требало да ја испие човек. Лог (3 Мој 14,10) била помала единица за течност. Материјалите од посебна вредност се мереле со посебни мерки.Малите предмети се вагале на ваги со мали тегови, а тежинските едници се чувале во џебовите. Нечесните трговци имале два вида мерки – една кога продавале, а друга кога купувале. Но Мојсеевиот Закон ги забранувал нечесните итрини (5 Мој 25,13). Глаголот вага на еврејские шакал, па според него се нарекувала единицата за мерка шекел (сикел).

Мерки за должина

лакт – ( 1 Мој 6,15; Мт 6,27) = 445 мм, мерен од лактот до врвот на прстот; но имало и лакт подолг за една ширина на дланката = 520 мм; новозаветниот лакт = 55 мм. Шест лакти = една трска.

прст-19 мм

дланка – 76мм (2 Мој 25,25)

саботен ден одење – (Дап1,12) =растојанието што Евреинот не смеел да го прекорачи, бидејќи ја прекршувал заловедта за саботата.

педа – (2 Мој27,16) = 230 мм (должината на раширена рака од палецот до малиот прст).

Мерки за одење

ден одење – (4 Мој 11,31), околу 40 км

милја – (Мт 5,41), римска мерка, околу 8 стадии или 1,5 км

стадиј – (Лк 24,23), околу 185-200 м фат – (Дап27,28), околу 1,85 м

лакт – (4 Мој 35,4) = 45,8 см

чекор – (2 Цар 6,13) = 92 см

стапка – (5 Мој 2,5; Дап 7,5), околу 30,8 см одење во еден саботен ден – растојание што Евреинот не смеел да го помине во сабота, зашто ќе ја прекршел заповедта за саботата. Веројатно изнесувало околу 2000 лакти (1 до 1,2 км). Но прописот различно се толкувал.

Мерки за волумен за тврди материи

гомер – (3 Мој 27,16) – 10 ефи, околу 400 литри;

ефа – (2 Мој 16,36; Ез 45,11) = ока, околу 40 литри;

сеа (копање) – (Мт 13,33) = 1/3 од оката, околу 13 литри; гомер (омер)

(2 Мој 16,36), околу 4 литри;

десетина – околу 4 литри;

кав – (4 Цар 6,25), околу 2,2 литри.

Мерки за течности

кор – (3 Цар 5,2), околу 400 литри;

фат – (3 Цар 7,26), околу 40 литри;

ин – (2 Мој 29,40), околу 6,5 литри;

лог- (3 Мој 14,10), околу 0,5 литри.

Мерки за тежина

Талант – (2 Мој 28,25; Мт 18,24) = 3600 шекели, околу 41 кг;

1 Талант – 6000 драхми;

1 мина – (Ез45,12; Лк19,13) = 60 шекели (2 Мој 38,24; Ез 54,12), околу

11,5 гр. Основна единица во системот на мерки за тежина,

односно маса:

1 драхма – околу 6 гр;

1 гер – (4 Мој 3,47), околу 0,6 гр. Соодносот намерките е следниот:

1 талант = 60 мини – 3600 шекели – 72000 гера                 

1moab1

Пари

Колку што е познато, во библиските земји парите се користеле уште во 8 в.пр.И.Х. Првите пари се правеле од легура на сребро и злато, а тежината била загарантирана со печатот што се втиснувал. Малку се ковале еврејски пари, зашто во тој лериод тие постојано биле под нечие ропство, па користеле туѓи пари. Римските пари се користеле во сите окупирани земји. Евреите имале свои ковани пари во времето на селевкиските цареви (Сириското царство после Александар Македонски), а еврејските водачи (Хасмонеите) во Ерусалим ковале пари по сопствен нацрт. Во времето на бунтот против Рим (66г.), ги исковале првите сребрени пари. Старозаветни златни и сребрени пари шекел (сикал) – околу 11,4 гр. мина – околу 500 гр = 50 шекели талант – 30 кг = 60 мини Новозаветни пари.

Во Палестина биле во оптек три различни видови пари: официјалните, царски пари (римски стандард); провинцските, ковани во Антиохија и Тир (античко грчки стандард) и локалните пари, еврејски, ковани во Кесарија. Данокот во храмот се плаќал со тирски пари (дидрахми), а не римски. Затоа и толку напредувала работата на менувачите. Парите се ковале од различни метали: злато, сребро, бакар, бронза итн. Во НЗ најчесто се спомнуваат античко грчките пари (тетрадрахми) и римските (динари). Еврејски пари: лепта (бронза) и шекел. Античко грчки пари драхма (сребро), статир (статер или тетрадрахма – сребро) и мина. Римски пари 1 евр. шекел – 1 античко грчки статир 1 тертадрахма = 4 римски динари 30 евр. шекели 1 античко грчка мина – 100 римски динари.

Продолжува  

Пишуваат:

1slave 4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН