Писмена реакција за отстранувањето на споменикот на Александар Македонски од аеродромот

Почитувани,

 

Во врска со синоќешното отстранување на споменикот на Александар Македонски од аеродромот, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

 

Владината коалиција нема мандат да ги загрозува националните интереси. Аеродромот и автопатот се јавни добра кои им припаѓаат на Македонските граѓани. Актуелната Влада само времено управува со нив и заради тоа не значи дека има право без да ги праша граѓаните да ги преименува и да ги задоволува уцените на официјална Атина.

 

Зарем толку треба да се понижуваме за да го одоброволиме Коsијас да слета со авион во Македонија? Кој ќе понесе одговорност ако новиот билатерален договор кој ќе ни го донесе шефот на Грчката дипломатија е крајно неповолен за Македонија? Што ако се точни наводите во Грчките медиуми дека предлозите за нови имиња се споени, без превод на англиски јазик, со барање за Уставни измени и прифаќање на нов идентитет? Тогаш, Владата ќе ги врати ли имињата на аеродромот и коридорот 10 и споменикот на Александар Македонски? Која е крајната точка за актуелната Влада конечно да разбере дека сервилната надворешна политика е погрешна тактика и стратегија?

 

Грчката позиција и опозиција си ги вадат очите во нивната меѓусебна борба за власт, но се единствени во ултиматумот за промена на Уставното име и прифаќање на нов идентитет. Во спротивно за Македонија нема ниту ЕУ ниту НАТО. Порано или подоцна актуелната власт тоа ќе го сфати.

 

СТОП ЗА РАЗДАВАЊЕТО НА МАКЕДОНСКИОТ ИДЕНТИТЕТ! БАРАМЕ ПРЕКИН НА ПРЕГОВОРИТЕ!

 

Македонската Алијанса повикува на единство и национално обединување. Време е за шок – дипломатија! Македонија мора да покаже интегритет и да бара доследно почитување на меѓународното право. Грција за да предлага нови билатерални договори мора претходно да ја почитува Времената Спогодба. Ние се залагаме за мораториум на преговорите. Се додека не се спроведе пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг и Македонија не стане полноправен член на НАТО Алијансата, сите разговори за името се беспредметни.

 

Ние знаеме како треба да се брани Татковината и иднината на Македонскиот народ. Ако актуелната власт не знае или нема храброст, нека си замине веднаш!

 

                      МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

                                                                                         Претседател,  

                                                                                Ѓорѓија Џорџ Атанасоски

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *