Спасовски на средба со претставници на НВО-а, неосновано осомничени за корупција

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска оствари средба со претставници на дваесетина невладини организации кои во текот на минатата година беа предмет на истрага покрената на барање на Државната комисија за спречување на корупцијата.

На средбата на која присуствуваа и директорот на Бирото за јавна безбедност Лазо Велковски,  директорот на Управата за финансиско разузнавање Блажо Трендафилов и директорот на Управата за финансиска полиција Арафат Муареми, претставниците на граѓанските организации беа информирани дека не се потврдени сомнежите односно не се обезбедени докази за субјектите кои се предмет на криминалистичката обработка, наведе МВР во соопштение.

Министерот информираше  дека по завршување на проверките во рамки на меѓуинституционалната криминалистичка обработка, од сите извршени проверки по барањата од ОЈО за ГОКК, доставени се известувања до ОЈО за ГОКК, во кои е наведено дека сомнежите се неосновани, а врз основа на прибавените информации е констатирано дека нема основи за понатамошна истрага.

Врз основа на тоа, се наведува во соопштението на МВР, истражните органи до јавното обвинителство доставија предлог за затворањен на истрагата.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *