Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска имаше работна средба со амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Клеменс Која.
Спасовски, како што соопшти МВР, се заблагодарил за работниот состанок и за континуираната поддршка што Организацијата за безбедност и соработка на Европа ја обезбедува за Министерството за внатрешни работи на Република Северна Македонија, потврдувајќи ги пријателските односи и партнерската соработка.
Двајцата соговорници, меѓу другото, разговарале и за тековните активности кои се спроведуваат во Министерството за внатрешни работи, согласно Планот на активности на Мисијата на ОБСЕ за 2021 година, фокусирани на посебните области на работење на Мисијата, и тоа: транснационални закани, натамошна професионализација и демократско полициско работење. Во рамки на транснационалните закани, се работи на прашања поврзани со борбата против организираниот криминал и интегрираното гранично управување, како и контролата на мало и лесно оружје, додека пак, активностите за натамошна професионализација и за демократско полициско работење се фокусираат на стратегиите за човечки ресурси, континуиран професионален развој на полициската служба и демократски полициски практики.
На средбата била потврдена и меѓусебната соработка во областите на заемен интерес помеѓу двете страни, како и заложбата за натамошна постојана координација и соработка за успешно реализирање на иницираните проекти и активности.
Great mix of humor and insight! For more, visit: READ MORE. What do others think?