ВМРО-ДПМНЕ: Ставот за Законот за двојазичност е непроменет

На работните групи во Собранието во кои учествува ВМРО-ДПМНЕ не се разговара за Законот за двојазичност. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ за Законот за двојазичност е непроменет. Ние сметаме дека Законот за двојазичност излегува надвор од Уставот, истиот е неприменлив и не само што не придонесува за поголема кохезивност во македонското општество, туку носи и ризици кои можат да предизвикаат далекусежни последици.

Позициите на ВМРО-ДПМНЕ се јасни. Не смее да се повтори грешката и на мала врата, без соодветна дебата, со незаконско исцртување на европско знаменце, вакви чувствителни решенија да се носат во скратена процедура. ВМРО-ДПМНЕ повикува законот да се повлече и да се стави на поширока дебата во која би партиципирале и експерти. Овие конструктивните барања за жал не наидоа на соодветен прием и заради тоа нашата пратеничката група предложи амандмани за да се корегира спорната содржина. Очекуваме Собранието да го почитува деловникот и Законот за собрание и да ги разгледа предложените амандмани.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *