ДУИ: Назначувањето на Лазар Еленовски е наш предлог

Со оглед на објавените информации во јавноста за назначувањето на Лазар Еленовски како специјален пратеник на Владата на Република Македонија за НАТО интеграции во Брисел, би сакале да ја информираме јавноста, дека г-дин Лазар Еленовски, исто како и во 2012 година, кога беше назначен за амбасадор во Брисел, така и сега, назначен е како специјален пратеник на Владата во НАТО, како кадровско решение предложено од  ДУИ.

Лазар Еленовски претставува исклучително стручен познавач на евроатлантските интеграции и со своето знаење и експертиза ќе обезбеди значаен придонес во евроатлантските аспирации на Република Македонија.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *