Седумдесет и осум години од стрелањето на Ваташките младинци

Седумдесет и осум години од стрелањето на Ваташките младинци скоевци беа одбележани денеска во месноста Моклиште кај кавадаречкото село Ваташа.

Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека на денешен ден во 1943 година, младинците ги изгубиле своите животи на ѕверски и немилосрден начин.

– Масакр кој остана забележан како едно од најголемите злосторства што ги извршија фашистите во текот на Втората светска војна во Македонија, нагласи градоначалникот.

За овој немил настан од историјата, говореше и Натка Китева, кустос историчар при Музеј галерија Кавадарци.

Претставници на семејствата на стреланите младинци и бројни делегации од општествениот живот положија цвеќе на споменикот во Моклиште.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *