Дебата: Неопходни се менување на јавната свест, реформи сво образовниот процес од намјала возраст за откорнување на дискриминацијата

енување на јавната свест која што почнува од семејството, од дома, реформи во образовниот процес уште од најмала возраст и во претшколските и во школските установи, медиумите, промени во политичкиот систем – со цел жените да не бидат само квота, туку да бидат поставени на одлучувачки позиции, се дел од заклучоците кои призлегоа од денешната панел дискусија „Обединети во различностите: Рамноправност и недискриминација во Република Северна Македонија“, во организација на Центарот за европски истражувања и анализи Еуропроспера.

Маја Морачанин, пратеничка и претседател на ДОМ истакна дека на дебатата констатирале дека е потребно имплементација и сериозни напори да се вложат повеќе во имплементација на европските законски решенија.

– Особено е важно и менување на јавната свест која што почнува од семејството, од дома, но многу важен фактор е образовниот процес и тоа е клучното влијание уште од најмала возраст и во претшколските и во школските установи и медиумите коишто даваат поддршка на овие теми кога се зборува за родовата еднаквост, за правата на жените, за ЛГБТ луѓето и другите маргилизирани групи, бидејќи на тој начин едноставно може да се менува јавната свест, да се разбиваат стереотипите и предрасудите и да се спречува и да се заштитиме сите од дискиминација, говорна омраза, насилство од омраза, кои што за жал се уште се присутни во нашето општество, рече таа.

Весна Поповска, декан на Правниот факултет при Меѓународниот универзитет „Визион“ потенцира дека „за да се откорне“ дискриминацијата потребно е да се направат и промени во политичкиот систем и апелира да има поголема женска застапеност  во одлучувачки позиции, а не да бидат само квота.

– Неопходно е Северна Макеоднија да биде една изборна единица во која сите групи, помалите и маргилизираните групи ќе можат да ги искажат своите ставови и репрезентативнот во Парламентот. Ова да се оствари треба да се направат и промени во политичкиот систем, неопходно е Северна Макеоднија да биде една изборна единица во која сите групи, помалите и маргилизираните групи ќе можат да ги искажат своите ставови и репрезентативнот во парламентот. А во поглед на претстојните локални избори апелираме да има поголема женска застапеност и во делот на одлучувачките позиции, односно не само во бројот на застапеност на листите, туку и во бројот на кандидатки за градоначалнички носителки на листи, претседателки на совети. Апелираме исто така, да има посебно внимание во делот на изборот на квалитетот на жените кои доаѓаат на овие позиции. Жените да не бидат само квота, туку навистина да добијат репрезентативност која е соодветна, рече Поповска

Александра Димовска, извршна директорка на Центарот за европски истражувања и анализи ЕУРОПРОСПЕРА истакна дека на дискусијата е нотиран напредок во нашето општество во областите човекови права, актидискриминацијата, но рече, ни претстои уште многу работа за да се направи нашето општество родово сензитивно, потолерантно, поотворено

– Ги повикувам сите релевантни институции да ја продолжат својата работа и да овозможат поголем напредок и побрза европеизација и тоа ќе не однесе чекор поблиску до интеграција на Северна Македонија во Европската унија, рече Димовска.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *