Писмена реакција за интервјуто на Премиерот Зоран Заев за „Ројтерс“

Почитувани,

По повод интервјуто на Премиерот Зоран Заев за Британската агенција „Ројтерс“ каде тој потврдил дека во игра се четири опции за нови имиња со географска одредница за кои е потребна мала промена на Македонскиот Устав, Претседателот на Македонска Алијанса, Ѓорѓија Џорџ Атанасоски, ја упатува следната реакција:

Демантот на Владиниот прес сервис за интервју кој го дал Премиерот Зоран Заев за реномираниот „Ројтерс“ е тежок скандал. Надворешната политика не е расправија на селска чешма каде ќе се убедуваме кој што кажал и како бил разбран. Со вакви скандали Македонија губи во очите на своите меѓународни сојузници и си ја нарушува преговарачката позиција.

Сметаме дека Владата на Република Македонија се мачи да најде излез од лавиринтот во кој самата влезе. Зголемените очекувања дека актуелната Влада во Грција ќе попушти од радикалните уцени се покажува дека е невозможна мисија. Сервилноста со преименувањето на автопатот и аеродромот, изразувањето на јавната подготвеност за прифаќање на географска одредница немаат никаков ефект. Едноставно, Грција бара се’ и веднаш. Бадијала понижувања!

Ако се точни информациите во Грчките медиуми дека нацрт спогодбата која Никос Коsијас ќе ја донесе во Македонија содржи предлог новите имиња да бидат напишани на словенски, споено и не преведени на Англиски јазик, заедно со промена на Уставот и воведување на нов идентитет за Македонскиот народ, тогаш Зоран Заев, Радмила Шекеринска и Никола Димитров, имаат само една опција – да застанат зад сопствениот народ.  Во спротивно ќе преземат дополнителен товар и одговорност за нешто што не можат да го исполнат. Преговорите за името треба да прекинат веднаш се додека не биде исполнет еден услов. Македонија во јули да стане полноправен член на НАТО Алијансата врз основа на пресудата на Меѓународниот Суд во Хаг. Не може Грчката Влада да ни предлага нова билатерален договор кога не ја почитува претходната Времена Спогодба.

Најодговорните претставници на власта во Татковината мора да разберат дека немаат мандат да се раздаваат со Македонското име и идентитет. Само Македонскиот народ може да одлучи за најважните национални обележја. Ние сакаме во ЕУ и НАТО Алијансата, но не по секоја цена.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД НИКОГАШ НЕМА ДА ДОЗВОЛИ ВЕЛЕПРЕДАВСТВО!

БОГ ДА ЈА ЧУВА ТАТКОВИНАТА!

 

МАКЕДОНСКА АЛИЈАНСА

Претседател,  

Ѓорѓија Џорџ Атанасоски