Во тек е аплицирањето за новинари за „Стипендија Јиржи Динсбир 2022 година“ (Jiri Dienstbier Journalism Fellowship 2022) на RFE/RL Radio Free Europe / Radio Liberty. Крајниот рок за аплицирање е 14 јуни, а термините за стипенцијата се од 4 јануари 2022 до 30 јули 2022.
-Целта на оваа заедница е да им помогне на почетниците новинари од Западен Балкан во остварувањето на нивната професија во поддршка на плурализмот и независноста на медиумите. Тоа е заедничка иницијатива на Министерството за надворешни работи на Република Чешка и RFE/RL (Radio Free Europe /Radio Liberty) кои се инспирирани од придонесите на Јиржи Динсбир во новинарството, надворешната политика и човековите права. Целта е да се поддржи наследството на RFE/RL (Radio Free Europe/Radio Liberty) за промовирање поправедни и поотворени општества преку новинарството, се наведува во соопштението од Амбасадата на Чешка во земјава.
Повеќе информации за стипендијата може да се најдат на жследниов линк:
https://pressroom.rferl.org/call-for-applications-2022…