Четврта пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија

„Дали се потребни реформи во изборниот систем“  е темата на четвртата пленарна сесија на Националната конвенција за Европската Унија во Република Северна Македонија (НКЕУ-МК).

Според организаторите, од темата треба да се развие дебата и да се донесат препораки преку кои ќе ги приближиме граѓаните до политичкиот систем, но и политичкиот систем до граѓаните, од каде тој го црпи својот легитимитет.

-Овие прашања не се актуелни само кај нас, туку и во рамките на европската јавност, чија цел е да се надмине демократскиот дефицит, посочуваат од НКЕУ-МК.

Воведни обраќања ќе имаат претседателка на Европското движење во Северна Македонија, Нацонален координатор на НКЕУ-МК Милева Ѓуровска, министерот за надворешни работи на Република Словачка Иван Корчок и директор на Словачката асоцијација за надворешна политика Томаш Стражај. За темата ќе говорат, професорката на Правениот факултет „Јустинијан Први“ – УКИМ Рената Дескоска, амбасадорот на Република Словачка во Северна Македонија Хенрик Маркуш, Кеара Касталдо, советник за избори, ОБСЕ, Канцеларија за демократски институции и човекови права …

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *