Средба на Џафери со казахстанскиот амбасадор Aбдрашов

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска имаше средба со амбасадорот на Република Казахстан во земјава Жанибек Абдрашов, на која му посака добредојде и изрази уверување дека уште повеќе ќе се продлабочи и досега  исклучителната соработка со Амбасадата на Казахстан.

– Тој ги реафирмираше придобивките од одличните и пријателски односи меѓу двете држави при што обрна особено внимание на парламентарната дипломатија во унапредување на билатералните и мултилатералните односи, политичкиот дијалог и димензирањето на севкупната соработка меѓу двете земји. Го информираше амбасадорот Абдрашов дека првпат е формирана Пратеничка група за соработка со Република Казакстан во Собранието на Република Северна Македонија, што е показател за нашата заинтересираност за јакнење на парламентарната соработка, соопшти прес-службата на Собранието.

Претседателот Џафери му врачил на амбасадорот покана за претседателката на Мажилисот на Република Казакстан, Нурлан Нигматулин, со надеж дека ќе биде реализирана во најсоодветното време за двете страни,

– Амбасадорот Абдрашов се заблагодари на топлиот прием во домот на демократијата и истакна дека односите меѓу Република Казахстан и Република Северна Македонија се пријателски. Накратко информираше за справувањето на Парламентот на Република Казахстан со предизвиците на пандемијата во изминатиот период и комплетираниот процес на вакцинирањето. Информираше и за потпишувањето на три клучни договори од правната сфера од страна на казахстанската Влада, а во однос на планот за потесна меѓупарламентарна соработка на ниво на пратеничките групи за соработка, која е од заемен интерес, изрази уверување дека таа ќе продолжи штом тоа го дозволат здравствените протоколи врзани за пандемијата со КОВИД-19, се наведува во сооптението.

Абдрашов подвлече дека неговата мисија ќе ја насочи кон зајакнување на економската соработка на двете земји, зголемувањето на трговската размена и иницирањето  инвестициски активности меѓу двете земји.

Соговорниците искажаа уверување дека во идниот период ќе има плодна билатерална соработка на повеќе нивоа, како и соработка на мултилатерален план.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *