Втора 24-часовна Светска виртуелната конференција за жени во технологија

Во организација на Глобалното движење „Women in Tech“ денеска во 13 часот ќе започне втората 24-часовна Светска виртуелна конференција за жени во технологија на тема „Дигитална еднаквост за сите“.

Конференцијата ќе започне во Париз и ќе продолжи 24 часа без прекин во живо со програми на различни локации низ целиот свет.

– За време на Виртуелната светска турнеја „Women in Tech 24hour“ ќе се вклучат голем број на меѓународни лидери кои застапуваат индустрии од АИ до Blockchain, FemTech, Климатски промени, HealthTech, и инклузивност. На овој настан ќе презентираат над 150 говорници: светски лидери од индустријата, владите, академскиот сектор и непрофитниот сектор, заедно на над 30 панели во живо, говори, интимни разговори и работилници, наведува организаторот на настанот.

Нашата земја на конференцијата ќе се претстави со панел дискусија на тема за дизајнирање на добри продукти со женски инпут: „Designing great products with female flavor“, што ќе се одржи во периодот од 19 до 20 часот во живо. Модератор на настанот ќе биде Стефан Митески, додека гости панелисти ќе бидат Катерина Трајчевска – коосновач на Adeva, Горица Тапанџиева – менаџер на Nexthing, Елена Андреева – дизајнер во TeamViewer и Моника Ризовска – проект менаџер во Vitala и „Women in Tech“ амбасадор. Специјален гостин на овој настан ќе биде директорот на ФИТР, Коста Петров.

– Со над 25.000 членови низ целиот свет, меѓународната организација „Women in Tech“ има двојна мисија: да го затвори родовиот јаз и да им помогне на жените да ја прифатат технологијата. Родовата еднаквост е во центарот на нашата мисија, каде имаме за цел да ги зајакнеме жените и девојчињата со потребните вештини и самодоверба за да успеат во полињата на СТЕМ кариера. Преку мисијата водена од целите, водена од перформансите, која е тесно усогласена со целите на одржливиот развој на Обединетите нации, ова движење се фокусира на извршување на нашата стратегија со поттикнување на напредок и резултати на четири главни столба: Образование, претприемништво, социјална инклузија, наука и иновација, се додава во соопштението на организаторите.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *