Царовска во Анкара на средба со турскиот министер за образование Зија Селчук

Јакнење и интензивирање на соработката во областа на образованието помеѓу нашата земја и Турција, особено во реформите во основното и средното стручно образование беше тема на разговор на денешниот работен состанок во Анкара на министрите за образование на двете земји, Мила Царовска и Зија Селчук.

Како што соопшти Министерство за образование и наука, Царовска и Селчук на состанокот разменија искуства во врска со новите технологии што се применуваат во образованието, заедничките истражувања во областа на образованието, како и подготовка на образовни материјали и соработка во делот на научноистражувачки проекти.

– Министерката Царовска на состанокот се заблагодари за поддршката што Сeверна Македонија ја добива од Република Турција во делот на осовременувањето на образованието. Министерот Селчук ги поздрави напорите на Северна Македонија за подобрување на условите во образованието и истакна дека Турција е силен партнер и поддржувач на Северна Македонија во реализирањето на овие процеси. Двајцата министри разменија искуства во врска со наставата во време на пандемија и се согласија дека пандемијата ги забрза процесите на трансформација во образованието кои даваат можност за долгорочни промени, унапредување и осовременување, информира МОН.

Покрај министерката Царовска, во македонската делегација се и заменик-министерот за образование и наука Арафат Шабани и државниот советник за образовни политики, Ѓонул Бајрактар. Предвидено е да се сретнат и со претседателот на Големото национално собрание на Турција, Мустафа Шентоп.

Претходно тие го посетија Централното седиште на ТИКА, каде што разговараа за поддршка за училишната инфраструктура во Северна Македонија.

 

3 thoughts on “Царовска во Анкара на средба со турскиот министер за образование Зија Селчук

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *