Прилеп ги одбележа Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа

Со полагање цвеќе на Могилата на непобедените во Паркот на револуцијата, Прилеп го одбележа 9 Мај, Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа. Бројни делегации положија цвеќе и им оддадоа почит на загинатите во НОБ во Прилеп и Прилепско.

 Почит на загинатите борци на Могилата на непобедените во паркот на револуцијата им оддадоа делегации на Сојузот на борците, од прилепската касарна „Мирче Ацев“ , од локалната самоуправа на чело со градоначалникот Илија Јованоски, претставници на прилепскиот општински совет, политички партии и здруженија на граѓани.

На одбележувањето на Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа присуствуваше и делегација на Амбасада на Руската Федерација, предводена од Александар Космодемјанскиј, заменик-шеф на Амбасадата.

На 9 мај 1945 година, со потпишувањето на безусловната капитулација на Германија и официјално беше ставен крај на Втората светска војна, во која учествуваа 61 земја и која однесе повеќе од 50 милиони животи.

 Денот на Европа е воспоставен како ден на сеќавање на Декларацијата на францускиот министер за надворешни работи, Роберт Шуман, во 1950 година, што се смета за прв важен чекор во настанувањето на ЕУ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *