Најавено продолжение на три собраниски седници

Во Собранието на Република Северна Македонија денеска треба да се одржат продолженија на три собраниски седници – 30-та, 34-та и 39-та. За дел од точките на дневниот ред на седниците е завршена расправата така што се очекува денеска пратениците да гласаат за околу четириресетина закони.

На дневен ред на 30-та седница се предлог на закон за изменување на Законот за употреба на знаковниот јазик, измените и дополнувањат на Законот за задолжително капитално финансирано пензиско осигурување, на Законот за доброволно капитално финансирано пензиско осигурување,на Законот за заштита од вознемирување на работно место, измени на Законот за практиканство,
измени и дополнувања на Законот за волонтерството, на Законот за исплата на пензии и пензиски надоместоци од капитално финансирано пензиско осигурување, измени на Законот за вработување на инвалидни лица, измени и дополнувања на Законот за вработувањето и осигурување во случај на невработеност, сите по скратена постапка, како и Предлог на закон за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавни претпријатија и  Предлог на закон за дополнување на Законот за трговија, по скратена постапка. Исто така на оваа седница се и измени и дополнувања на Законот за аудиовизуелните добра, на Законот за музеите, на Законот за меморијалните споменици и спомен обележјата и на Законот за издавачката дејност, сите по скратена постапка.

На дневен ред на 34. седница се измените и дополнувањата на Законот за прекршоците, на Законот за постапување со бесправно изградени објекти, на Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа, сите во прво читање, финансиските планови на МРТ, автентични толкувања и други.

Предлог на закон за ратификација на Договорот меѓу страните на Северноатлантскиот Договор за безбедност на информации, како и повеќе други точки се на дневен ред на 39. седница.

На оваа седница на дневен ред се и одлуки за именување член на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги, за распишување јавен оглас за избор на здруженија од областа на човековите права, полициското право и правосудството, за објавување јавен конкурс за именување на членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, на јавен конкурс за именување на членови на Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија, за јавен оглас за именување на член на Државната комисија за жалби по јавни набавки, јавен оглас за именување член на Комисијата на Агенцијата за електронски комуникации, јавен оглас за избор на членови на Државниот совет за превенција на детско престапништво, јавен оглас за избор на член на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација и за објавување јавен оглас за назначување на претседател и членови на Советот за граѓански надзор.

Пратениците на оваа седница треба да се изјаснат и за Предлог на закон за задолжување на Република Северна Македонија со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка по Договорот за заем за дополнително финансирање на Проектот за поврзување на локални патишта, по скратена постапка, како и за Предлог на закон за гаранција на Република Северна Македонија на обврските по Финансискиот договор КОВИД-19 одговор на Северна Македонија – Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје, наменет за финансирање на мали и средни претпријатија и средно пазарно капитализирани претпријатија, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Северна Македонија АД Скопје и за Предлог на закон за изменување и дополнување на Законот за финансиска поддршка за намалување на последиците предизвикани од Корона вирусот COVID -19 врз производството, откупот на грозје и винската индустрија, двата по скратена постапка. На дневен ред се и други закони.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *