Шекеринска не очекува можен пресврт со Бугарија во јуни

Министерката за одбрана Радмила Шекеринска не очекува дека без партнер од другата страна и со техничка влада, како што изјави, е можен пресврт во однос на односите со Бугарија за нашето членство во ЕУ. Но, она што треба да го правиме до јуни, нагласи таа, е да ги потсетуваме сите оти ние нашите обврски ги исполнивме и очекуваме ист тип посветеност и доследност и од страна на ЕУ.

-Има едне дел од обврски што не зависат од нас. Ние не можеме да ја избериме бугарската влада и не можеме да го создадеме преговарачот од другата страна. Тоа на што не можеме да влијаеме погрешно е да го прогнозираме, одговори министерката Шекеринска денеска по промоцијата на новите 55 подофицери во скопската касарна „Илинден“, на новинарско прашање дали можеме да се надеваме на позитивен одговор во јуни за почеток на преговорите со ЕУ.

Според неа, во изминатиот период покажавме дека едно правило секогаш важи, заврши ги твоите работи, за да не може дека заради твои пропусти нешто не се случило, и како држава, подвлече, изминатиот период тоа го покажавме.

–  Секој од извештаите на Европската Комисија, секој од извештаите во поглед на домашните реформи, вклучително и оној вчера од Фридом хаус, покажуваат дека клучните прашања заради кои како држава тапкавме во место, ние успеавме да ги придвижиме и секоја година да покажеме дека демократијата, човековите права, слободата на медиумите и владеењето на правото одат еден чекор напред, рече министерката за одбрана Радмила Шекеринска.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *