Промоција на 15 нови изданија за културното и природното наследство на Македонија

Управата за заштита на културното наследство денеска во Археолошкиот музеј на Македонија ќе промовира 15 нови изданија од едицијата „Најзначајните вредности на културното и природното наследство на Република Македонија“.

Ќе бидат промовирани десет наслови на македонски јазик: Црквата Св.Богородица – Матејче; Црквата Св.Богородица Елеуса – Вељуса; Керамичките релјефни плочи од Виница; Маркови кули, Варош – Прилеп; Таор (Антички населба Тауресиум); Баргала; Манастирот Трескавец; Тумба Маџари, археолошки локалитет и неолитско село; Црквата Св.Ѓорѓи во Курбиново и Муниципиј Стобенсум.

Во превод на англиски  ќе бидат промовирани пет наслови: Municipium Stobensium; The History of Discovering the Site of Isar  – Marvinci; The Medieval Fortress of Isar – Shtip; Kokino – a Holy Mountain and Observatory for 4000 Years; The Great Bath of The Late Roman Thermal Spa in the Village of Bansko.

Со 15-те нови изданија, Управата за заштита на културното наследство досега има објавено 45 наслови од едицијата „Најзначајните вредности на културното и природно наследство на Република Македонија“.

Тоа е повеќегодишен проект на Управата, чија цел е преку 130 монографски публикации да ги доближи најзначајните археолошки локалитети, профани и сакрални објекти и природни богатства до домашната и меѓународна публика.