Во Прилеп изложба на фотографии „Москва денес“

Изложба на фотографии „Москва денес“ ќе биде отворена денеска во ликовниот салон на ЦК „Марко Цепенков“ во Прилеп.

Изложбата Центарот ја реализира со руската Амбасада во Македонија.

Изложбата, којашто се базира врз основа на официјалните фотоматеријали доставени од Град Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина.

На неа ќе бидат претставени реновирани знаменитости по кои што е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.

Изложбата „Москва Денес“ се реализира во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија и е проект на руската Амбасада и руската државна агенција Россотрудничество.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *