Опозициската ВМРО-ДПМНЕ ја напушти собраниската дебата за интерпелацијата на Спасовски

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ја напушти седницата на која се расправа за интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Пратениците од опозициската партија не можеа да се обратат бидејќи не беа ставени на листата на говорници, поради тоа што, како што беше објаснето од претседателот на Собранието Талат Џафери, тие својата листа ја доставиле до него со неколку часа задоцнување, а денеска нивен претставник не присуствувал на координација за да се договорат.

Никола Мицевски, координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека листата била доставена со задоцнување бидејќи тие доставувале кривична пријава за Џафери за 36. седница, на која присуствуваа пратеници со скафандери заразени со Ковид-19. Обвини дека досега не се случило интерпелација за министер од власта да помине без пратеници од опозицијата.

-Вие си продолживте со седницата како ништо да не се случило, а ова е еден поголеми скандали што се случило во 30 годишната плуралистичко делување во Македонија. Првпат во историјата на парламентаризмот најголемата опозициска партија и најголемата партија со пратеници, да не им се дозволи да расправа по работата на еден министер. И се одзема правото на опозицијата да дискутира со вашето образложение што го дадпвте иако вакви примери имало безброј пати изминатиов период, рече Мицевски.

Тој го обвини Џафери дека бега од одговорност со самото тоа што не дозволува опозоцијата да зборува на седницата, како за денешната интерпелација како и за двете други отфрлени интерпелации, според него, а според опозициската партија се уште се активни за вицепремиерот Љупчо Николовски и за министерот за правда Бојан Маричиќ.

-Поднесени три интерпелации врз клучните ресори, ние немаме право да дискутираме. Ова не е демократија, ова што се случува во Македонија се типични потеиз на авторитарно однесување на власта и неслучајно меѓурабодни релеватни институции ве имаат вброено како хибриден режим, рече Мицевски додавајќи дека пратеничката група нема да биде параван на авторитарното владеење на власта и ќе ја напушти седницата.

Претседателот на Собранието Талат Џафери повтори дека опозицијата е сама виновна за претходните две интерпелации бидејќи барале да се тргнат од дневен ред, и како што кажа има процедра како да се вратат. -И трето, јас со задоволство ќе ја пречекам вашата интерпелација за мојата функција претседател на Сбранието затоа што јас сум претседател на Собранието и овде не работам по ќефот на пратеничките партии туку спроведувам Деловник што ме обврзува во контектс на членот 60 од Деловникот, рече Џафери. Се дотогаш, додаде тој, ваша воља ваша одлука.

Координаторот на пратеничката група на СДСМ Јован Митрески оваа постапка на опозицијата ја нарече „театар кој досега не се случил во Собранието“.

-Прво никогаш во историјата не се случило опозицијата да поднесе интерпелација и сама да бара да се тргне од дневен ред. Денес кога има интерпелација поднесена од друга пратеничка група не доставиле список навремено и затоа некој друг им е крив и тоа сакаат да го прикажат како некакв наводен обид да се замолчи опозицијата, рече Митрески. Според него, пратениците од опозицијата бегаат за јавноста да не биди колоку малку ги има и колку малку поддршка даваат за партиите од каде доаѓаат како пратеници предложени од тие партии.

Претходно, барањето за интерпелација за Спасовски го образложи пратеникот на АА и Алтернатива Халил Снопче кој кажа дека и покрај тоа што Мијалоков е во притвор, самиот случај со неговот бегство, потоа појавувањето после тоа, и реакцијата на властите, издавањето на пасоши на криминалци и други случаи, се причина за заминување на Сапсовски од Владата.

За Спасовски, пак, ова е добра можност за него да ги соопшти сите работи што досега се направени откако тој е министер за внатрешни работи.

-Морам да констатирам дека  денеска имаме една, благо кажано,  чудна интерпелација? Зошто чудна, ќе се запрашате? Затоа што е поднесена заради успех во една акција, а не неуспех! Имено – Сашо Мијалков е во затвор, таму каде што му е местото, и на него и на голем број поранешни функционери – криминалци, кои бескрупулозно крадеа од народот наместо да работат за она за што се избрани. Истиот Мијалков, на кого името се плашевте да му го спомнете, со години наназад. А сега гледаме како се зголемува  бројот на години што ќе треба да ги одлежи. Каква иронија –  идолот и идеологот на ВМРО-ДПМНЕ Сашо Мијалков е во затвор, а опозицијата поднесува интерпелација за министерот за внатрешни работи?! Оваа интерпелација, во суштина,претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата, и затоа е, во најмала рака, чудна, рече, меѓу другото, Спасовски.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *