Османи ги прими копиите од акредитивните писма од Мери Шиклуна, прва амбасадорка на Малта за земјава

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска оствари видео средба со новоименуваниот амбасадор на Република Малта во Република Северна Македонија, со седиште во Ла Валета, Мери Шиклуна, по повод предавањето на копиите од акредитивните писма, соопшти МНР.
-Како прв амбасадор на Република Малта за нашата држава, од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу двете земји, верувам дека со вашето дипломатско искуство и личен ангажман ќе дадете значаен придонес во продлабочувањето на односите, истакна Османи.
Соговорниците, се посочува, се осврнаа на претстојната посета на министерот Османи на Малта и средбата со неговиот колега, министерот Бартоло, што претставува уште една потврда за одличниот развој на билатералните односи меѓу двете земји и можност за интензивирање на соработката.

На средбата беше разговарано за засилувањето на економската и трговска размена, туризмот, како заедничка активност меѓу двете земји, а како мост за продлабочување на соработката претставува и бројната заедница од Северна Македонија во Малта. 

Беа разменети мислења за перспективите на процесот на проширување на Европската унија, регионалната соработка како значајна алатка во напредокот на интегративните процеси, како и следните чекори и ангажмани од наша страна во насока на одржувањето на првата Меѓувладина конференција и формалното отворање на пристапни преговори за членство со Унијата, стои во соопштението. 

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *