Пендаровски – Петреску: Со членството на Северна Македонија во НАТО се отворени и нови можности за проширување на партнерството

 Размената на мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, особено за соработката во одбраната која опфаќа посети на високо ниво, експертски средби во областите на одбранбеното право, логистиката и разузнавањето, обуки, курсеви, учество на вежбовни активности, како и стручни оспособувања во воено-образовните центри во Романија, се дел од темите на кои е разговарано на денешната средба на претседателот Стево Пендаровски со началникот на Генералштабот на Вооружените сили на Романија, генерал-потполковник Даниел Петреску, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Од кабинетот на претседателот информираат дека соговорниците изразиле задоволство од досегашната соработка помеѓу двете армии и констатираа дека со членството на Северна Македонија во НАТО се отворени и нови можности за проширување на партнерството .

– Претседателот Пендаровски ја истакна важноста од продолжување и развој на билатералната соработка во областа на одбраната, како и одржување на постојан и динамичен политичко-воен дијалог меѓу двете држави, се наведува во соопштението од кабинетот на претседателот.

Оттаму посочуваат дека на средбата се разменети информации и мислења за придонесите на армиите во двете земји во справувањето со пандемијата предизвикана од корона вирусот.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *