Одбележана 140-годишната од раѓањето и 110-годишната од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков

Со положување цвеќе пред спомен-плочата на неговата родна куќа во стариот дел на Охрид денеска беше одбележана 110-годишната од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков.

Церемонијата во чест на Бошнаков на која присуствуваа претставници на локалните институции, здруженија на граѓани и граѓани на Охрид беше заокружена со историски час. За ликот и делото на гемиџијата пред присутните меѓу кои и членови на семејството на Бошнаков зборуваше Горан Митрески од НУ „Завод и музеј“ од Охрид.

 

Марко Бошнаков бил директен учесник во солунските атентати. Роден е во 1874 година во Охрид, каде го завршил основното образование, додека средното образование го завршува во педагошкиот отсек на солунската гимназија. Поради својата револуционерна активност е исклучен од образовната установа. Во гемиџискиот кружок се вклучува во 1901 година со убиството на уредникот Михаилјану во Букурешт. Потоа директно се вклучува во идејата на гемиџиите, изнајмувајќи ја својата бакалница на гемиџиите во Солун.

„Ако телото се тркала, не дозволувајте истото да се случи и со главата“, е мислата што Бошнаков ја изговорил непосредно пред смртта, која и денеска се раскажува меѓу луѓето.

 

500 thoughts on “Одбележана 140-годишната од раѓањето и 110-годишната од смртта на охридскиот гемиџија Марко Бошнаков

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *