„Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ со делови за бугарските претензии

Во  Воведот на публикацијата „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ , меѓу другото, е забележано дека покрај другите соседи и Бугарите, полагаат право врз македонките територии и користат секакви можни средства да го убедат светот дека Македонија законски им припаѓа ним. Бугарското тврдење е дека “Македонија е бугарска” бидејќи македонскиот народ е бугарски. Тие се Бугари бидејќи зборуваат на “еден дијалект” на бугарскиот јазик.

Делото „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ ги оспорува бугарските тврдења и ќе докаже дека тие, исто така, се погрешни и контрадикторни.

Добро е познато дека Македонците веќе живееле на Балканот и зборувале на словенски јазик долго пред да пристигнат првите бугарски канови, со нивните турски и татарски хорди. Доказите покажуваат дека бројно инфериорните Бугари биле асимилирани во поголемото автохтоно население, кое зборувало на словенски јазик, и дека го прифатило словенскиот јазик и култура. Поточно, Бугарите зборуваат на дијалект на македонскиот јазик, а не обратно. По се, зарем не биле тоа македонските браќа Кирил и Методиј од Солун кои ги просветлиле Бугарите?

Без да навлегуваме во премногу детали на ова место, сакаме да напоменеме дека целта на оваа книга е на читателот да му претстави едно македонско гледиште за историјата на Македонија.

Време е светот да го слушне македонското гледиште. Спротивно на она што непријателите на Македонија изјавуваат, вистината е на македонска страна. Постојат изобилни докази дека античките Македонци не само што опстанале низ многубројните несреќи и премрежја од античко време до сега, туку дека нивните потомци, навистина, постојат во Грција, Бугарија, Република Македонија, Албанија, Канада, Австралија, Соединетите Американски Држави,

Европа и низ целиот свет. Тие сега се во процес на регрупирање и ги користат можностите на информатичкото доба да возвратат и повторно да го земат она што е нивно.

Оваа книгата е хронопис на настаните во кои се вклучени Македонија и македонскиот народ од предисториско време до денес. Таа во никој случај не е потполно комплетна, ама на читателот ќе му даде една општа анализа на македонската историја.

Книгава е напишана на англиски јазик, а овој е превод на македонски јазик. Таа треба да биде корисна посебно за помладите генерации во дијаспората кои сакаат да учат за македонската историја, но немаат време или ресурси за долги и опсежни истражувања.

2narod

Освен што обезбедува една сеопфатна анализа на историјата, книгава содржи скапоцени информации собрани од интервјуа и лични искуства што не можат да се најдат на било кое друго место. Исто така, бидејќи оваа книга го претставува македонското гледиште, во оваа пригода се користени македонски зборови за да се опишат некои попознати имиња на места како, на пример, Солун (Салоника), Цариград (Константинопол) и Православни (Византијци). 

Сите народи што живеат на оваа планета оставаат свој белег во една или во друга форма. Македонците не се исклучок и тие ќе бидат тема на оваа книга во која ќе се направи обид  да се реконструира историјата од која мора да се добијат поткрепливи информации од различни извори.

Еден таков извор може да бидат податоците собрани од анализирањето на пронајдените материјални остатоци, односно археолошки наоѓалишта, како гробници, примитивни предмети за употреба, т.е. артефакти, мошти, натписи и информации кои може да се извлечат од археолошките истражувања. Друг извор може да биде богатството од литературни податоци извлечени од приказни, легенди, митови, фолклорот, поеми, песни, итн. пренесени од генерација на генерација. Исто така, други извори вклучуваат лингвистичка анализа, антропологија и изучување на генетиката.

За жал, од очигледни причини кои опширно ќе ги изложиме и објасниме, реконструкцијата на македонската историја е занемарена и, како резултат на тоа, не е соодветно разгледувана и земена предвид.

Научниот интерес за јужниот балкански регион, општоземено, за првпат започнал во почетокот на XIX век, напоредо со политичкиот и економскиот интерес. Додека германските и британските научници ги проучувале археолошките наоѓалишта од бронзеното доба на Пелопонез и на Крит, Македонија се’ уште била под цврстата стега на Отоманската Империја. Подоцна, по 1912 и 1913 година, во рацете на Грција, Бугарија и Србија, се’ што било поврзано со Македонија станало политички осетливо.

Уште од времето кога Грција присвоила, т.е. анексирала голем дел од Македонија, грчките власти ги кријат сите археолошки материјали кои не биле во согласност со нивната политичка агенда. Само материјалите кои ги зацврстуваат нивните претензии кон Македонија и кои ги привлекуваат туристите биле објавувани во јавност.

Без цврсти арехолошки податоци, реконструкцијата на историјата е, во најдобар случај, огрaничена и оскудна.  “Историчарите од почетокот на XX век продолжуваа повремено да пишуваат политички биографии на истакнати кралеви од IV век пред Христа и, кога ги земаа предвид македонските работи, гледаа на нив како на дел од општата грчка историја.

Она што беше потребно за едно подлабоко разбирање на античка Македонија и нејзините кралеви беа сериозни изворни студии и археологијата, но археолошкиот интерес остана скриен со децении бидејќи интересот за Македонија во дваесеттиот век повеќе произлезе од современата политика отколку од проучување на антиката.” (Стр. 8, Еуген Н. Борза, Во сенката на Олимп, Појавувањето на античка Македонија /Eugene N. Borza, In the Shadow of Olympus, The emergence of Macedon/).

Што се однесува до користење литература за реконструирање на историјата на Македонија, западните научници од XIX век, главно, се потпираа на изворите на државите-градови и на римски извори, занемарувајќи да се упатат на источните, македонските и другите литературни извори. Источните научници, од друга страна, поради политичка мотивација или поради ноншалантност, продолжија да стагнираат.

За жал, до денес, противењето на Грција и на Бугарија се’ уште останува најголема пречка за реконструирање на македонската историја. И двете држави окупираат македонска територија и одбиваат да соработуваат по прашања од интерес за Македонија, особено археологијата. Грција, која го окупира најголемиот и археолошки најбогатиот дел од Македонија, ќе соработува само ако македонската историја остане периферна во однос на општоприфатените грчки настани и ако таа се презентира од гледиштето на Грција.

Бугарија се’ уште одбива да го признае македонската нација и е во договор со Грција по прашања од античката историја.

Академската заедница до денес се двоуми да биде вклучена во реконструкцијата на конвенционалната, т.е. општоприфатената македонска историја (освен од IV век пред Христа), делумно поради тешкотиите при добивањето информации од негрчки извори, но најмногу поради грчкиот притисок да ја држи Македонија на прериферија во однос на Грција. Без разлика кои докази постојат денес, тие се 11 фрагментирани и изведени, главно, од пристрасни извори.

3narod

“Она што ние го знаеме за Македонците, главно, е од грчки извори или од преводи изведени од грчки извори, па според тоа имаме искривено гледиште за нив, кое зависи од гледиштето на луѓето кои, главно, им биле непријатели во античко време.”

Ова се зборови на д-р Еуген Борза, “светски познатиот авторитет” за античка Македонија. Д-р Борза јасно ги сумира условите во кои се презентира општоприфатената македонска историја. Тој нагласува дека историјата на античка Македонија што денес се изучува во училиштата е напишана во текот на XIX и почетокот на XX век, главно, од страна на западни автори кои најмногу се потпирале на политичко-мотивирани грчки извори за нивните истражувања.

Иако народот на античка Македонија бил единствен и посебен, историјата што нам ни се презентира секогаш ги става нив заедно со народите на старите градови-држави. Не постои западен текст во кој македонскиот идентитет се третира посебно од грчкиот идентитет на градовите-држави.

Исто така, истата општоприфатена историја која им се предава на нашите деца денес го персонифицира народот на античка Македонија, единствено, како средство кое ги обединувало градовите-држави и не сторил ништо повеќе освен што ги спроведувал нивните наредби во ширењето на хеленската култура во целиот антички свет.

Освен тоа, модерните грчки историчари прават се’ за да ја осигураат негативноста на ораторите, како што е Демостен кој ги нарекувал Македонците “варвари” и “културно заостанати”, да биде добро портретирана во умовите на западните писатели.

Фактот што некои модерни автори им ја припишуваат хеленската сродност, т.е. поврзаност на античките Македонци, не треба да биде големо изненадување ако се земе предвид влијанието на Џон Густав Драјзен (John Gustav Droysen) врз историчарите од почетокот на деветнаесеттиот век, кај кои Македонија е претставена како природен “унификатор” на грчките градови-држави. Истата улога ја имале и Прусија и Савој (Savoy) во обединувањето на Германија и Италија во деветнаесеттиот век.

Продолжува 

Пишуваат:

121slave РИСТО СТЕФОВ И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН

424 thoughts on “ „Историја на македонскиот народ од антички времиња до денес“ со делови за бугарските претензии

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *