Дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада

Во ова продолжение за читателите  ќе претставиме дел од висината за првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски“ во Канада. Затоа, кora ce зборува или се пишува за овој македонски храм, секогаш се мисли на активностите, задолженијата, обврските, честа и гордоста што им припаѓа на Женската секција.

ЕЛКА ГЕОРГИЕВСКА

Битола, тој чуен конзулски град е родниот град на Елка Георгиевска. Таму во Потпелистерието ја заврши средната наобразба, а дипломира на Филозофскиот факултет во Скопје. Сопруга е на   д-р Александар Георгиевски. По завршувањето на факултетот, таа почна да учи неколку генерации битолски гимназијалци, а потоа се префрлува на работа како психолог во Заводот за глувонеми дечиња. И на двете места се истакнува како добар педагог, одличен другар и пријател на учениците и ценет професор.

Меѓутоа, во 1958 година заминува во Канада и го почнува својот иселенички живот. Неколку години по нејзиното преселување во Торонто, почнува изградбата на македонската православна црква, “Св. Климент Охридски”, во која станува активна во женската секција.

Повеќепати е член на Управниот одбор, а во 1969 година е избрана за претседател. Во тоа време потпретседател на женската секција е Вики Волкан, секретар Мери Јованова, а благајник Вера Чумандра.

Во времето на претседателствувањето на Елка Георгиевска се организираат повеќе значајни активности како во црквата, така и пошироко во канадското општество, во кои таа учествува несебично и со многу енергија.

ХЕЛЕН (ЕЛЕНА) СТЕНВИК

Името на Хелен (Елена) Стенвик е тесно врзано со историскиот развој на женските секции на црквата “Св. Климент Охридски” и на националната организација “Обеди-нети Македонци”.

Таа е активна уште од почетните дни кога Женската секција се покажала и докажала дека е душата и моторната сила во македонската колнија во Торонто. Како резултат на постигнатите резултати повеќе пати била во управите на Женската секција, а во 1968 година е избрана за нејзин претседател.

Хелен е родена на 11 август 1934 година во селото Рула Костурско, а од 1947 година живее во Канада. Таа е ќерка на благородните Македонци Ламбро и Тодора Тодорови, а сопруга на Коста Стенвик, кој е од селото Арменско, во Беломорска Македонија. За Коста се омажи во 1950 година со кого ги роди ќерката Бети, која беше избрана за убавица – мис на “Обединети Македонци” и синовите Крис и Том, од кои имаат осум внучиња и внуки.

И покрај тоа што сега живее во Васага Бич, но, сепак, е чест гостин и активист во црквата, бидејќи нејзините чувства и љубов кон Македонија и кон Македонската православна црква се огромни.

ТРАЈАНКА ТАЛЕВСКА

Трајанка Талевска е родена на 23 април 1923 година во селото Горно Српци, Битолско, Македонија, од татко Темелко и од мајка Крста Тодорчевски. Трајанка за својот животен сопатник го избира Спиро Талевски од селото   Стрежево  Co ќерките Мара, Лена, Мила и со новородената Брижит пристигнале во Торонто во 1959 година, кога бројот на емигрантите во овој град не беше како денес. Co организирањето на првата македонска православна црква “Свети Климент Охридски” тие се меѓу првите основоположници.

Co целото семејство, a за што побрзо изградување на црквата активно помагаат со прибирање средства Си споменува баба Трајанка за почетните денови од пристигнувањето на првиот македонски свештеник, сега покоен прота Кирил Стојановски, кој ги отслужуваше првите свети богослужби на македонски јазик во позајмени сали и тоа: во Торнклив Парк, на Џерард и во салата “Желево”.

„Се организиравме почна бингото. активно учествувавме во Карванот на нациите и така сите заеднички, работевме, за да можеме да ја имаме нашата втора куќа, тоа беше и е нашата македонска црква, во чии темели се ставени имињата на целото наше семејство“, има кажано Трајанка.

Нејзината несебична работа и самопрегор и големата љубов за Македонија и за црквата беше забележана од другите членови и од жените, поради што во 1966 година и беше доверена должноста претседател на Женската секција, која со голема љубов и со елан ја изврши успешно, за што беше пофалена со специјална благодарница од името на црквата, а таа има посебно место во нејзиниот дом да потсетува на деновите од нејзината активност. 

ЦЕНА ГИВЕНС

Цена Гивенс ја имаше тажната судбина на прогонетите кога од родното огниште нејзините животни крстопати толку пати досега ја однеле од еден во друг крај на светот.

Родена е во 1937 година од татко Ѓорги и мајка Евлагиа Стојчеви во селото Вишени, Костурско. Во времето на Граѓанската војна во Грција -1948-та година го напушта родното село и заедно со својата мајка заминува за Желево, па за Ошчима и Герман.

Во август 1949 година бегаат во Албанија, но само по кус престој заминуваат за Полска. И тука не е крај на селењето на Цена и нејзините најблиски. На 5 мај 1955 година тие пристигнуваат во Торонто и во 1957 година стапува во брак со Џан Гивенс.

И двајцата големи вљубеници во македонското дело и во македонската вистина, тие во 1963 година се зачленуваат во црковната општина “Свети Климент Охридски”. Во Женската секција станува активна и за време на својата доброволна работа таа била секретар, била благајник, станува потпретседател. а во 1970 година ја добива целосната доверба од своите колешки и соактивистки и е избрана за претседателка. За време на својот мандат таа и со душа и со срце се посветува на работата и прави се’ за афирмација на македонската заедница.

Инаку. Цена Гивенс дванаесет години беше еден од столбовите на Црковниот хор и негов голем вљубеник.

БЛАГА МАНГОВА

Мечтаеше смилевчанката Блага Танасковска да стане учителка и да им ја пренесува на децата љубовта кон татковината, и кон древната македонска историска вистина и иднина.

Во најубавото време на својата младост, по завршувањето на учителката школа во Битола, во 1963 година, таа тргнува на пат далечен, прекуморски пат, доаѓа во Канада и се мажи за Борис Мангов со кого ги имаат синовите Иле и Гоце и ќерката Рони.

Блага Мангова го продолжува своето професионално учителско усовршување и во 1967 година се стекнува со диплома за педагошко воспитување, за ориентациона наобразба на најмладите.

Но, во меѓувреме му се посветуваи на угостителскиот бизнис, кога и ја изучува општата психологија во “Џорџиан Колеџот” завршувајќи го курсот за “Carrier orientation for women “, Бидејќи е сепак, онаму каде што е бизнисот, од 1979 годииа се стекнува со Real Estate Licence, што успешно го работи.

Значајна составка во нејзиниот живот беше и активноста во македонската заедница, при што на повеќе сектори покажа впечатливи резултати. Co Џорџ Јовановски била водител на радиопрограмата “Македонски свет”, како и на емисиите од ТВ лрограмата “Македонски мозаики со Бил Јанков.

Блага Мангова беше и редовен член на Драмската секција и иницијатор и организатор на првата модна ревија во “Св. Климент”. Во составот на управниот тим на најпрофитната потпорна гранка на Женската секција се истакна со својата инвентивност и голема упорност и во 1971 е избрана за претседател, работејќи неуморно во соработка со останатите колешки од тимот Во 1991 станува потпретседателка – што се заедно зборува за една динамична нашинка, чија виталност е оној темелник и прекрасен спој со нејзината повеќегодишна активност.

ЛЕФИ НЕШЕВИЧ

Една од најактивните меѓу Македонките во македонската колонија во Торонто беше. секако, Лефи Нешевич Таа е родена во големото македонско село Ошчима, Леринско, во Беломорска Македонија, од каде уште како девојче, во мај 1952 година, доаѓа во Канада Оваа позната и призната Македонка потекнува од христијанско македоиско патриотско семејство, кое уште од почетокот се приклучи кон реката Македонци кои ја започнаа изградбата на црквата “Св Климент Охридски во Торонто. a ce активни и во организацијата “Обединети Македонци”.

Лефи беше активна во црквата и во нејзините асоцијации уште од самиот почеток. Како резултат на тоа во 1972 година е избрана за претседател, а повеќепати била во Извршниот одбор на женската секција. Во времето кога таа беше претседател на оваа секција. се преземени бројни активности што ги исполнија празнините во црковно-националното живеење на Македонската колонија. Меѓу другото, беше организирана карневалска игранка и други манифестации.

Значајно е да се одбележи дека во неЈзино време Базарот започна да се организира во недела, чиј број на посетители рапидно се зголеми. Исто така, во тој период се организирани игранки за Нова година, за денот Валентин, пролетната игранка, како и други собирања на жените од Македонската колонија, кои значат активен, значаен и бележит дел од севкупното живење во црквата “Св. Климент Охридски” во Торонто.

Лефи Нешевич, заедно со Ана Стерјовска, Зорка Базел, Лена Мориовче, Лена Стенвик, Мери Стојановска, Гордана Ристовска, Цена Гивенс, Мери Кондов, Дана Скотланд и многу други, во еден долг лериод беа организатори на “томболата” (бингото), а постојано помагале за свадби и за бројни верски манифестации, кои се одржуваат во просториите на Црквата.

ПЕЦИ СИДЕР

Пеци Сидер е меѓу оние поактивните, име познато во Женската секција, на која во 1975 година беше избрана за нејзин претседател. Во тој период за потпретседател е избрана Лена Стенвик, секретар Гордана Ристевски, a благајник Дана Скотланд.

Во нејзиниот мандат се постигнати значајни резултати на полето на зачувувањето на македонскиот идентитет, обичаите донесени од родната Македонија и традициите коишто Македонците во Канада љубоморно ги чуваат и ги збогатуваат.

Таа е родена на 10 април 1943 година во Лерин, во Беломорска Македонија. Потекнува од македонско православно семејство. Во Канада доаѓа во 1962 година Се мажи за Анџело Сидер, исто така од егејскиот дел на Македонија, а мајка е на три деца: Стив, Лилјан и Николас.

Во текот на триесетина години работи во повеќе фирми и на различни места. Меѓу другото беше  сопственик и менаџер на трговски дуќан на мало,

Продолжува 

1slave 2 Пишува: СЛАВЕ  КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *