Преселбите на Балканот

Егзодусот на Колхиѓаните и колонизација на источните брегови на Јадранот

Аполониј преселбата на Колхиѓаните ја претворил во мит за Аргонаутите, а ние ќе ја искористиме потерата по кралот Ејет и подвизите на учесниците за да ја објасниме колонизацијата на источните брегови на Јадранот од страна на Колхиѓаните. Нема да навлегуваме во причините за преселбата, кои може да бидат повеќекратни, пред сè лоши временски услови, притисоци на номадските скитски племиња од север или на иберско-албанските од исток и персиските и турските од југ. Ќе ги следиме единствено патиштата на преселбата до областите на колонизацијата.

Кога кралот Ејет дознал дека Медеја, неговата ќерка, со златното руно и тесалскиот херој Јасон, се качила на лаѓата „Арго“ и тргнала кон Грција, му наредил на својот син Апсирт да тргне во потера по бегалците и да не се враќа без сестра си и златното руно. Искушенијата кои ги доживеале Аргонаутите и гонителите со „загинувањето“ на Апсирт веќе се изнесени во поглавјето за Аргонаутите, бидејќи постојат неколку преданија за тоа.

Бидејќи Аргонаутите пловеле по Дунав и Сава (Еридан) до Кроновото Море, Колхиѓаните во пресрет тргнале по Босфор и Егејското Море, околу Пелопонез и по Јонското Море стигнале до стровото Коркира (Дрепанон-Крф) каде се истовариле. На дворот на кралот Алкиној ги сретнале Аргонаутите и од кралот побарале да им ја врати Медеја. Откако кралот се посоветувал со својата мудра сопруга Арета, Алкиној им ветил на Колхиѓаните дека ќе им ја предаде Медеја доколку таа е сè уште девица. Арета во тајност ја организирала свадбата и венчавката на Јасон и Медеја во текот на ноќта. Кога се разденило, на сите им било познато дека Медеја е Јасонова сопруга.

Бидејќи Колхиѓаните не смееле да се вратат кај кралот Ејет во Колхида без Медеја и без руното, некои од нив останале на Коркира и заедно со својот роднина Хил, Хераклевиот син, се населиле на илирската „Црно-длабока река,“ во чија близина е Кадмовиот гроб. Ова е потврда дека Колхиѓаните го колонизирале тој западен дел на Балканот  после Илирите, кои се Скити, како и Венетите, бидејќи Херодот17 пишува дека „Венетите се илирско племе, а дека Сиктите се од Венет на Јадранот…“ истиот автор во поглавјето „Мелпомена“18 наведува: „Од Илирија тече кон север реката Ангро (Дрина) и се влива во Бронт (Сава), во Трибалската рамнина (Шумадиската рамнина), а Бронт се влева во Истар (Дунав).“ Од ова произлегува заклучот дека во целиот слив на реката Дрина, (пределите Пива, Тара и Лима од десната страна), Сутјеска, Бистрица, Праче итд. од левата страна, живееле илирско-скитски-прасловенски племиња пред преселбата на Колхиѓаните на денешните простори помеѓу Епир и Црна Гора. 

17  Херодот, Историја, I, 196, Матица Српска, Београд, 1988.

18  Херодот, Историја, IV, 49, Матица Српска, Београд, 1988.

Античкиот гоеграф Страбон (63 година пред Христа – 19 година по Христа), родум од Амасија во Понтската држава, во своето дело „Географија“19 изнесува дека дел од Колхиѓаните од Коркира отишле на север и го изградиле градот Пула, на Истарското копно, а друг дел се населиле на истарските острови недалеку од Киркина Ајаја (островото Ластово), кои сега се викаат Апсиртиди (Absyrtides Strabonis) и Apsoros за Црес и Osorus. Според римските географски мапи, името на илириските острови Апсиртиди се однесува на Кварнерските острови. Со тоа е докажан патот на преселбата на Колхиѓаните со египетско-феникијска етногенеза од Кавказ на источниот брег на Јадранот: во „илирската Црно-длабока река“ (Illyrikoio melamvathes potamoiо), т.е. во сливот на Црниот Дрим и на Кварнерските острови (Absyrtides Strabonis) и во Истра.    

19  Strabo, Geographia, I, 2, 3, 9, VII, 5, 5, Meineke, Lipsiae, I, II, III, 1913.

Хронолошки, преселбата на Колхиѓаните се одвивала за време на походот на Аргонаутите, кој, според Ератостен, се одвивал во 1225 година пред Христа. Според истиот автор, Кадмо ја соѕидал беотската Теба во 1313 година пред Христа, веројатно кога бил во полна сила, т.е. околу својата триесетта година, додека во староста, околу шеесеттата година од својот живот, околу 1283 година пред Христа, бил восководец на Енхелејците во борбите против нивните соседи, Илирите. Според историчарот и географот Стефан Византијски (St. Dyrrahion), Кадмовиот и Хармониниот гроб е забележан кај Епидамен (Драч). Славниот римскиот поет Овидиј (43 година пред Христа – 17 година по Христа), кој од Рим бил протеран во градот Том на Црното Море, каде според митот за Аргонаутите бил убиен водачот на Колхиѓаните, Апсирт, во делот „Метаморфози“20 навдува дека телата на Кадмо и неговата сопруга биле погребани во Илирија, каде Кадмо го основал градот Butoe (Будва), која името го добила по воловите (vous) кои ја довлечкале колата во земјата на Илирите. 

20  Publius Ovidius Naso, Metamorphoses, IV, 562-602

Кадмовите потомци, Феничаните од беотскта Теба, биле протерани од Епигон во 1203 година пред Христа и се преселиле во Илирија. Во тоа време стигнале и египетските Колхиѓани и сите заедно ги протерале пелашките Теспротјани, во 1124 година пред Христа, кои ја колонизирале Тесалија. Од ова се гледа дека миграциите помеѓу Кавказ и Балканот се случиле пред Тројанската Војна (1193 година пред Христа) и пред Одисеевите перипетии на Јадранот, како и пред преселбата на дорските Хелени (1104 година пред Христа).

1uri1

На просторот помеѓу Кераунските планини (Keranya – сега Кимара), долж Епиротскиот брег и Бока-Которскиот залив, Кадмовите Феничани и нивните соплеменици, египетските Колхиѓани, оставиле многубројни топоними и хидроними кои што се слични на некои од Кавказот.  Нив најдобро ги обработил Г. Вукчевиħ.21 Од феникијската ономастика потекнуваат: Будва (Buthoe), Тиват (Thebe), Фојница (Foinikia, излезна точка на Феникијците од денешен Либан), во Босна, западно од Сараево, богат рударски центар, итн. Од Колхиѓанската ономастика се претежно топонимите околу Скадарското езеро: Чањ, Kolhinium, Ulci Pola (на устието на Црн Дрим), Поти, тузи, Каваја, итн. Потоа хидронимите: Кир, притока на Црни Дрим, реката Дрина и др. 

21  Г. Вукчевиħ, О поријеклу Илира, Подгорица, 1992.

Со оваа анализа утврдено е феникијското потекло (тебанско и колхиѓанско) на колонизаторите на Енхелеја, а со тоа и нивната територија. Меѓутоа, покрај овие митолошки етноними, Кадмејци и Колхи, на овие простои на западниот Балкан постои и етнонимот Илири. Науката која се бави со тоа „илирологија“ е релативно млада дисциплина. 

Илирите на Западниот Балкан

Етнонимот Илири (Illyrioi) според етимологот проф. Mpampitioti (1998) е од непознато потекло и значи „да живее“, „да биде тука“ (diamenö), т.е. домородец. Нивното потекло е индоевроп-ско. За време на Римјаните, Илирија го опфаќала просторот крај Јадранското Море, од Истра до епирскиот Дрилон, со планински краеви во заднина, сè до Сава и Дрина. Во археолошката смисла, илирските племиња припаѓале на носителите на културата на „полињата со урни“ од скитските простори на Панонија.

Глаголот „illö“ значи ’да зауздува’, додека „ilys“ е од старословенско потекло и значи блато, кал.22 За етимологијата на името Илири постојат повеќе теории (како и таа дека името потекнува од ille-il-aos, милостив за богови и суфиксот lyra-гусли, гуслари), што не е предмет на овие истражувања. 

22  Mpampiniotis, G.: Synhroni gramatiki tis koinis neas Elinikis, Athinai, 1967.

Во митологијата се наведува дека на Енхелејците, староседелците во западниот Балкан, дека ќе ги победат своите соседи Илирите доколку го изберат Кадмо од Беотија за свој водач. Кога тие го послушале овој совет, Кадмо, на волвоска кола во вид на змија, извојувал победа на Илирите и загосподарил со земајта Енхелеја, а неговата жена Хармонија овде го родила синот Илириј.23 Според Апијан24, Илириевите синови се епоними херои на илирските племиња. 

23  Apollodori, Bibliotheca (I-II век пред н.е.), III, 5, 4, и понатаму.

24  Apian, Historia Ilyrica, II

Херодот25 Илирија просторно ја одредува во сливот на реката Дрина (Ango-Aggros) која се влива во Бронг (Vrogos-Сава), во Трибалската рамнина (Trivallikon pedion), т.е. во Шумадија, а Бронг се влива во Истар (Istros-Дунав). Со тоа, тој ја означил североисточната граница на Илирија. Во натамошниот текст, тој наведува дека источната граница ја чини Скитија, која лежи веднаш зад Тракија (денешна Бугарија) и низ која што тече Истар,26 а земјата на скитското племе Сигини (Sigynnai) се простира сè до Енет на Јадран,27 со што ја одредили северната граница на Илирија. Пишувајќи за обичаите на Скитите, Херодот28 истакнува:

„…Според моето мислење, најпаметен им е овој обичај, а ист таков постои, колку што сум слушнал, и кај илирското племе Венети…“ Според „таткото на иторијата“, земјата на Скитите се простира од Венета на Јадранот до Медија и Персија на исток и „сите тие заедно се викаат според името на еден крал Сколоти (Sköloi); Хелените, меѓутоа, ги викаат Скити.“ Натаму, „Кога Херакле, терајќи ги Герионовите стада… стигнал во земајта која се викала Хилеја (Ylaie), т.е. Шумадија… која сега се вика Скитија (Skythia), а бидејќи ги фатила зима и мраз, облече тој лавја кожа и заспа… а коњите му исчезнаа на некој таинствен начин…“29 „…Кога се разбудил, Херакле ги барал и откако ја обиколил целата земја… во земјата Хилеа… во една пештера наишол на двојно женско суштество, на кралицата Ехидна… која му рекла дека коњите се кај неа, ама нема да му ги  даде сè додека на ја обљуби. И Херакле под тој услов ја обљубил… Најпосле, му ги дала коњите и му рекла… јас од тебе ќе родам три сина… На првиот му го дала името Агатирс, на оној после него Гелон, а на најмалиот Скит (Skythos)… И од овој Хераклов син потекнуваат сите подоцнежни скитски кралеви.“30      

25  Херодот, Историја, IV, 49, Матица Српска, Београд, 1988.

26  Херодот, Историја, IV, 49, Матица Српска, Београд, 1988.

27 Херодот, Историја, V, 9, Матица Српска, Београд, 1988.

28  Историја, I, 19, Матица Српска, Београд, 1988.

20  Историја, IV, 8, Матица Српска, Београд, 1988.

30  Историја, IV, 9, 10, Матица Српска, Београд, 1988.

1uri2

Оваа Херодотова сторија се одвивала во Шумадија, во Трибалската рамнина, каде кралевите биле скитски Трибали (сложен збор од бројот 3 и бал или baal–крал, војвода, Војводина). Јужно од нив биле скитските Дардани31, потоа скитските Пеони, па скитските Линкести околу Охридското и Преспанското Езеро и уште понајуг во Орестида скитските Македонци од Аргеадската династија, кои се гордееле со Херакловото потекло. И тука Херодот бил во право32 во поглед на границите на Илирија, каде опишува: „Три потомци Теменови, браќата Гауан, Аероп и Пердика побегнале од Арг во Илирија, а од Илирја прејдоа во Горна Македонија.“

31  Aplonoius, Rhodius: Argonautica, ex rec, II. 178, R. Fr. Brunckii, I-II Lipsiae, 1810-1813., и Diod. Sic., Bibl., IV, 43.

32  Херодот, Историја, XIII, 137, Матица Српска, Београд, 1988.

Јужната граница на Илирија бил Епир, за која Тукидид33 вели: „Во близина на  Епидамен (Драч) живеат барбари Тауланчани (Taylantioi), илирски народ.“ Со ова античките историчари и логографи ги одредиле границите на Илирија, која што ги прифатиле и Римјаните како Илирикум и тоа приморје крај Јадранското Море до Дрилон (Drinos? или Lumi Шушица?) со планинските краеви во заднина сè до Дрина и Сава. 

33  Тукидид, Повијест Пелопонеског рата, с. I, 24, Дерета, Београд, 1991.

Релативно младата наука илирологија основана е од страна на археологијата, во половината на XIX век. Во илирските племиња научниците од југ кон север ги вбројуваат: Тауланти, Десарети, Pартини, Пенестри, Ардијци, Плeраеци, Даорси, Ардиајци, Лабеатејци, Диоклеатејци, итн., сè до Либурно и Венето во Истрија и Венеција.

Придржувајќи се на Херодотовите описи на скитските племиња на Балканот во кои ги вбројува и Венетите-Енети (Enetoi) и дека Венетите се илирско племе на Јадранот,34 се наметнува заклучокот дека Илирите на Балканот биле Скити-прот-Словени, а не Кадмови Феничани и Колхиѓани, што го потврдува и топонимастиката на Западниот Балкан. 

34  Херодот, Историја, I, 196, Матица Српска, Београд, 1988.

Со досегашните археолошки, лингвистички, митолошки, праисториски и миграциони истражувања во голем степен може да се објаснат генетските корени на балканските народи и да се потврди генетскиот профил даден од страна на швајцарскиот Институ за генетика „iGenea“, што може да се види од приложените графикони. Сите овие научни истражувања се потенцијално интерсни, како од антрополошко и етногенетско гледиште, така и од хуманитарно гледиште, дека сите народи на Балканот се од еолско потекло (Aia-земја и h’olos-сите, сосема, целосно, т.е. ’Aioleis’ – земјаци), со заедничка историја, иднина и биолошки императив.

Продолжува

Пишуваат:

1slave 3АКАДЕМИК А. ШКОКЉЕВ-ДОНЧО И

1slave 3 СЛАВЕ КАТИН 

One thought on “Преселбите на Балканот

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *