Украински компании се заинтересирани да учествуваат во реализацијата на инфраструктурните проекти што се планираат во Македонија во следниот период.
Ова му го пренела украинската амбасадорка Наталија Задоржњук на министерот за транспорт и врски Горан Сугарески.
– Амбасадорката ме информираше дека постојат компании што се специјализирани за овие сектори и се заинтересирани да учествуваат во реализација на овие проекти. Се надевам дека сите заинтересирани компании од Украина ќе пројават интерес на јавните повици што ќе ги објавиме во наредниот период за изградба на гасификациската и железничката мрежа во земјава, истакна Сугарески.
Од Министерството за транспорт и врски информираа дека на средбата биле отворени прашања за капиталните проекти во делот на гасификацијата и изградбата на железничката мрежа во Македонија.
Министерот Сугарески изразил благодарност за досегашната соработка и ја нагласил потребата од продлабочување на добрите односи меѓу двете земји