Почнува аплицирањето за земјоделски субвенции за 2021 година

Од денеска почнува аплицирањето за добивање финансиска поддршка во земјоделството. Крајниот рок за доставување барања е 31 мај 2021 година. Сите заинтересирани, апликациите можат да ги поднесат електронски, преку веб страницата на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој (АФПЗРР), www.ipardpa.gov.mk во делот е- барање.

Како што соопшти денеска директорот на АФПЗРР, Никица Бачовски, барањата за мерките за растително производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за парцели во Единствениот регистар на земјоделски стопанства. Барањата, пак, за сточарско производство се поднесуваат врз основа на евидентирани податоци за животни во ФАРМ регистарот со состојба на денот на поднесување на барањето.

-Апелирам до сите земјоделци, пред да поднесат барања за субвенции да ги ажурираат податоците за да имаат точни и целосни информации во сите системи од каде Агенцијата ги презема податоците кои се важен сегмент за стекнување право за добивање субвенции. Потоа може преку веб страницата на АФПЗРР, електронски да поднесат барања за субвенции со регистрација во системот, со клик на банерот „директни плакања“ – е- барање, истакна Бачовски.

Земјоделците, додаде директорот, не треба да бидат збунети од новиот изглед на барњето. Станува збор за ново софтверско решение кое ги има сите функционалности потребни за поднесување на апликацијата за единствено барање.

-Оние земјоделци кои не знаат сами да поднесат барања или имаат потреба од помош при креирање електронски барања, можат да се обратат во подрачните единици на МЗШВ, подвлече Бачовски.

Тој појасни и дека по електронското поднесување на барањето, апликантите треба да отпечатат два примерока и да ги потпишат своерачно, а потоа по еден примерок да достават до АФПЗРР. Оние апликанти кои ќе побараат помош од вработените во подрачните единици, пред да ги потпишат барањата, треба да проверат дали сите податоци и култури им се точно внесени.

-Доколку апликантите утврдат дека при поднесување на барањето направиле пропуст, впишале погрешни податоци или констатирале дека имаат потреба од измена поради несоодвестување со фактичката состојба, барањето може да го повлечат или да го изменат во рок од 30 дена од денот на поднесување, рече Бачовски и потенцира, сите апликанти кои ќе побараат поддршка и помош од вработените во подрачните единици да ги почитуваат мерките за заштита од КОВИД-19.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *