Спасовски: Безбедносната состојба на јужната граница е стабилна, нема посериозен предизвик со миграцијата

Безбедносната состојба на границата кон Грција и граничниот премин Дојран е мирна и стабилна. Состојбата е под контрола и нема некој посериозен предизвик ниту со миграцијата, ниту со загрозуврањето на безбедноста на нашата државата, порача министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски по денешната посета на реконструираниот објект на Полициското одделение Дојран.

Во однос на илегалната миграција, Спасовски посочи дека според оценките од колегите од ЕУ, нашата држава не е атратктивна рута за поминување на мигранти.

– Тоа значи дека полициските служби и армиските припадници добро ја вршат работата во смисла на откривање и превентивно одбвивање на влезот на мигранти. Граѓаните може да бидат сигурни, спокојни и безбедни, затоа што се преземаат сите активности на едно многу високо ниво, рече Спасовски.

Со доаѓање на потопло време и во текот на пролета, посочи Спасовски, секоја година имаме зголемување на напливот на мигранти, но засега тоа е многу мало зголемување, бидејќи поради ковид-мерките отежнато е нивното движење.

– За одбележување е дека на подрачјето на Стар Дојран имаме многу мал обид за илегално преминување на мигранти, затоа што настојуваат да го одбегнуваат овој предел порад лошиот терен. Сепак, имаме добра покривачка дејност, сите капацитети се насочени кон граничниот надзор на цело ова порачје. Соработката со колегоите, не само од Грција и целиот регион е на високо ниво и се преземаат сите активности, рече Спасвоски.

Активно работиме, посочи Спасовски, и на откривање на криумчарње на мигранти.

– Во периодот од септември до декември месец се разбиени две големи криминални групи, кои работата со криумчарење на мигранти. Ќе продолжиме со врвен приоритет во работата и во 2021 година, нагласи Спасовски.

Министерот Спасовски посочои дека по повеќе од 40 години е извршена целосна санација и реконструкција на објектот на Полициското одделение Дојран, каде со финансиски средства од буџетот на МВР целосно е променета кровната конструкција, изработена е термо фасада, променети се сите прозорци и врати, реконструирани се тоалетите и работните простории и поставен нов систем за затоплување.

– Активно ќе продолжиме со подобрување на условите за работа на полициските службеници. Ова е 54 објект што целосно го реконструираме и моментално работиме на други четри објекти во Куманово, Ресен, Маврово-Ростуше и објект во касарната Илинден за потребите на единицата Тигар, изјави Спасовски.

Градоначалникот на Општина Дојран, Анго Ангов рече дека по 40 години овој објект добива нов лик – енерегтски ефикасен што ги исполнува сите услови за рабоита на полициските службеници, и посочи дека со министерот разговарале за продлабочување на соработката.

– Разговравме да излеземе во пресрет на самиет граѓани и за можноста за отворање базна станица овде за издавање на лични документи за граѓаните, што ќе биде од особено значење. Се надевам дека со министерот ќе ги надминеме сите тие проблеми и ќе работиме во служба на граѓаните, изјави Ангов.

Во рамки на денешната работна посета, Спасовски ќе ги посети и полициските одделенија во Богданци и Граничниот премин Богородица.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *