Свети Алексиј човек Божји

“Затоа, браќа, каква полза има човек ако го придобиеме целиот свет,

а ја загубиме својата душа, или ја оштетиме?

Или, со што ќе ја откупиме душата своја од маките,

ако овде не се одречеме од злото и не се покаеме,

или ако на сиромасите не им подадеме…

Овој блажен Преподобен Алексиј Човек Божји,

го предаде своето тело на страдања,

и на рани и на срамна смрт заради Христа, Синот Божји.

Затоа, тој и сега сјае во славата Божја повеќе од сончевата светлина,

и нашиот Господ Бог, во негов спомен, прави прекрасни чудеса и исцеленија.”

– изв. од Поуката за спомен на маченик од Свети Климент Охридски

 

Во времето на царевите Аркадиј и Хонориј живееле во Рим царскиот достоинственик Евтимијан и неговата сопруга Аглаида. Евтимијан бил многу богат и имал три илјади слуги. Бил набожен и добар човек и им помагал на сиромашните. Исто така и неговата сопруга била дарежлива кон сиромашните. Тие немале деца и Аглаида често се молела на Бога.

“Господи, сети се на мене, недостојната слугинка твоја и разреши го моето нераѓање, да се удостојам да се наречам мајка на дете. Дај ни син за да можеме мојот маж и јас да имаме утеха во нашиот живот и поткрепа во староста наша!” – му зборувала Аглаида на Сесилниот Бог.

Милостивиот Бог ја услишал молитвата на Аглаида и & дарувал син, по име Алексиј. Мудрото момче ја изучило граматиката, реториката, целото Свето Писмо и други црковни книги.

Кога Алексиј станал полнолетен, родителите го ожениле со девојка од царски род. Но веднаш по свадбата, тој ја напуштил невестата и заминал во Лаодикија – древен град во Мала Азија, а потоа во месопотамскиот град Едеса, каде се поклонил на неракотворниот лик на Господ Исус Христос. Подарувајќи ги на просјаците сите драгоцености што ги понел од куќата, самиот тој се облекол во просјачко одело и живеел непрекинато молејќи се на Бога.

Преподобен Алексиј поживеал во градот Едес при црквата Света Богородица седумнаесет години. За него, Божјата Мајка му открила на едно црквено лице, дека тој е Човекот Божји и треба да се внесе во Нејзината Црква. Но, тој се прочул како богоугодник и за да ја избегне човечката слава заминал од градот Едес. Со лаѓа тргнал кон градот Киликија. По Божја промисла, настанала бура на морето и лаѓата допловила дури до Рим. Алексиј дошол до домот на својот татко и како непознат му се поклонил и го замолил да живее во неговиот двор. Таткото не го познал својот син и се согласил со тоа. Заповедал да му направат мала куќичка и слугите да му носат храна. Слугите му пакостиле и го исмејувале. Трпеливиот човек Божји станал непобедлив страдалник. Тој не им се јавил ниту на својата невеста, ниту на своите родители. Во родителскиот дом останал 17 години и никој не го познал. Свети Алексиј ги замолил слугите да му дадат хартија, мастило и перо. На хартијата го опишал целиот свој живот и оние тајни кои им беа познати само на неговите родители и на неговата невеста, по кои тие би можеле да го препознаат. Набргу потоа, починал.

Во Светата црква, кога патријархот Инокентие Први (402-417г.) служел Света литургија, сите присутни слушнале глас: “Дојдете кон мене сите кои сте уморни и натоварени, и јас ќе ве одморам! … Побарајте го човекот Божји, кој ќе се раздели од телото, да се помоли за градот, и с# добро ќе ви се устрои!”. Набргу се одржало сеноќно бдение на кое присуствувале царот и папата во соборната црква на Св. Апостоли. и се слушнал глас: “Човекот Божји барајте го во Евтимијановиот дом”.  Царот, патријархот и многу луѓе, дошле во домот на Евтимиј да го побараат човекот Божји. Евтимијан влегол во куќичката на просјакот и го нашол човекот Божји како лежи мртов, а во десната рака ја држел свитканата хартија. Сакал хартијата да му ја земе од раката и да види што е напишано на неа, но не можел да ја извлече. Возбудени царот и патријархот ги приклониле своите колена пред човекот Божји и го молеле да им ја даде хартијата. Тогаш светителот ја испуштил хартијата Писмото било прочитано и таткото го познал својот син Алексиј. Неговите родители и невестата му се фрлиле врз градите плачејќи, бакнувајќи и грлејќи го со солзи. Царот и патријархот наредиле одарот со чесното тело на светиот човек Божји да се постави на поклонение во градот. Царот наредил да се направи ковчег од смарагд и мермер и да се украси со злато. Во него го положиле Човекот Божји – Свети Алексиј. Веднаш од неговите свети и чудотворни мошти истекло благоухано миро со кое биле помазувани луѓето и се исцелувале од секоја болест. Бил извршен чесен погреб. Свети Алексиј починал на 30 март 411 година за време на царувањето на Хонориј во Рим и Теодосиј Млад во Цариград.

“Слуго Господов, смилувај се на мене, бедниот, сиромашкиот, и дозволи ми да се сместам во еден агол на твојот двор, за да можам да се хранам со трошките што паѓаат од твојата трпеза, а Господ ќе ги благослови твоите години и ќе ти даде царство небесно и ако имаш некој од своите во туѓина, нека ти го врати здрав!” – одекнуваат зборовите низ сите векови и после смртта на синот кој му ги искажал на својот татко пред тој да се смилува да го прими во неговиот дом.

One thought on “Свети Алексиј човек Божји

  1. Infant blood samples were obtained 2 to 4 hours after a maternal dose at 1 to 3 months of age, but the time of the prior breastfeeding was not stated priligy tablet All PCR primers for cloning are listed in Supplementary information Table S3 and high fidelity enzyme Phusion was used for PCR amplification

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *