Средби на Османи со шефот на Мисијата на ОБСЕ Која и постојаниот претставник на УНДП Сахакијан

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска оствари средба со амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје при што двајцата размениле мислења за актуелните политички случувања, реформските процеси и европската перспектива на земјата.

Како што соопшти МНР, Османи се осврна на значајната експертска поддршка што Мисијата ја дава на нашата земја во процесот на спроведувањето на реформите со цел усогласувањето на домашната легислатива со европските стандарди, особено во областа владеењето на правото, борбата против организираниот криминал и корупцијата, изборните реформи.

Шефот на дипломатијата, се додава, исто така информираше за активностите кои земјата ги превзема во процесот на подготовка за претстојното претседавање со ОБСЕ во 2023 година. Тој потенцира дека Република Северна Македонија останува посветена земја учесничка на Организацијата која има за цел и понатаму конструктивно да придонесува во реализацијата на заедничките заложби на земјите учеснички и јакнење на мултилатерализмот.

Амбасадорот Која, како што се посочува,  високо ја оцени соработката на Мисијата на ОБСЕ во Скопје со Владата на Република Северна Македонија поздравувајќи ги напорите и досегашните постигнати резултати во спроведувањето на реформите со цел усогласување на легислативата со стандардите на ЕУ, притоа нагласувајќи ја потребата од континуирана и конструктивна работа.

Министерот Османи, во  текот на денешниот ден, оствари средба и со постојаниот претставник на УНДП, Нарине Сахакијан. Во таа прилика министерот Османи, се наведува, изрази благодарност за присуството на Канцеларијата на УНДП во Република Северна Македонија и за нејзиниот ангажман и иницијативи во повеќе области, како што се: економијата, социјалната инклузија (на социјално ранливи групи), родовата еднаквост, јакнењето на институциите, животната средина, климатските промени  и во услови на здравствена криза и напорите за справување со COVID-19пандемијата.  

-На средбата се разговараше и за имплементацијата на новата Програма за работа на УНДП (Country Programme Document-CPD) со Рeпублика Северна Македонија за периодот 2021-2025, усвоена од страна на ВРСМ во октомври 2020 година  и одобренa од Извршниот одбор на УНДП во Њујорк во февруари 2021 годиназа унапредувањето на целокупната соработка со канцеларијата на УНДП во Скопјеза тековните активности, како и за  имплементацијата на постоечките проекти во Република Северна Македонија, стои во соопштението.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *