ПРВИОТ БИБЛИСКИ РЕЧНИК НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (35)

Делото „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски – Катин е прво дело од ваков вид на македонски јазик во издание на Библиското здружение на Република Македонија и на книгоиздателството  „Македонска искра” од Скопје.

Во овие продолженија за читателите  ќе го претставиме „Библискиот речник“ преку лексикографските термини, имињата, зборовите, изразите, називите… од зборот Сикер– сехоарнаеврејскичиј коренпакесахорштозначисе опива, до Ситим– израелскилогориград вовисокитемоавскиравници 

Делото „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски – Катин е отпечатено во 1997 година на 215 страници на македонски јазик, со благослов на поглаварот на Македонската православна црква Охридска архиепископија, неговото блаженство, архиепископот г.г. Михаил, а во редакција на д-р Јоаким Хербут, Скопски бискуп на Католичката црква во Македонија, д-р. Ратомир Гроздановски и м-р Ѓоко Ѓерѓевски, двајцата професори на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, при што голем е придонесот на уредникот на „Библиски речник”,  Елена Стојанова.

Инаку, м-р Петко Златески беше почитуван вонреден професор на Православниот теолошки факултет „Свети Климент Охридски“ во Скопје, по предметите Македонско црковно пеење – теорија; Црковно пеење; Типик; Апологетика и Историја на религијата. Тој како долгогодишен Генерален секретар беше душата на Библиското здружение на Република Македонија, кое е посветено на превод, подготовка, издавање, и дистрибуирање на Светото писмо до сите граѓани кои живеат во Република Македонија и оние кои се насекаде во светот и сакаат да го читаат ова значајно дело на македонски јазик.

Почитуваниот професор м-р Петко Златески беше роден на 10 јуни 1955 година во реловуционерното село Дуње, Прилепско, а во Господа се упокои на 13 мај 2020 година, на празникот Преполовение. Затоа и овие продолженија за „Библискиот речник“ се во негова чест, да се смопене неговото име и дело, за Бог да го прости.

Во врска со печатењето на „Библискиот речник“ треба да се нагласи дека темелите беа поставени во 1988 година кога беше издаден Новиот Завет во нов превод на архиепископот  Гаврил, а целата Библија беше издадена од United Bible Societies (UBS) во 1990 година, која  е позната како „Гаврилова“ Библија. Новото ревидирано издание, познато како Македонска стандардна Библија, беше издадено во 2006 година од Библиското здружение на Република Македонија. Оваа Библија е одобрена и со благослов на Светиот Архиерејски Синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, а ја користат голем број македонски христијани нашироко во светот.

Коавторот на „Библискиот речник”  Славе Николовски – Катин, кој како публицист е познат само како Славе Катин, е аналитичар на Македонците во светот и е познат на македонската и на меѓународната јавност по неговите бројни публикации, новинарски и научни трудови кои се посветени, главно, на етничка Македонија, на животот на Македонците во светот, на Македонската православна црква – Охридска архиепископија и на Античка Македонија.

Исто така, неговото творештво се однесува и на низа други аспекти поврзани со македонската дијаспора, како и со културата, литературата, јазикот, историјата, журналистиката и религијата. Тој е aвтор на шеесет публикации, од кои седум се лексикогравски изданија, потоа на повеќе од стотина научни трудови презентирани на различни симпозиуми, трибини и други собири, како и на околу 5.000 новинарски текстови објавени во Македонија и во светот, меѓу кои одреден број можат да се видат и прочитаат на веб – страницата: www.slavekatin.com.

Инаку, публикацијата „Библиски речник”, чиј автори се м-р Петко Златески и Славе Николовски – Катин е меѓу првите  објавено дело на реномираната издавачка куќа „Македонска искра”, чиј главен и одговорен уредник е Славе Катин. Ова македонско книгоиздателство е крстенo во 1997 година по првиот македонски весник „Македонска искра“, што започна да се печати во Перт, Австралија  во 1946 година.

Oвa продолженија на „Библискиот речник“ ќе го продолжиме со еврејскиот збор Сикер – сехоар, а ќе го завршиме со Ситим, име на израелски логор и град во високите моавски равници.

Сикер– сехоарна еврејски, чиј корен пак е сахоршто значи се опиваПод сикер се подразбира секој алкохолен пијалак, освен виното. Јован Крстител не го конзумирал (Лк 1,15).

Сила– арамејска форма на името Саул, еден од првите христијански предводници во Ерусалим, а веројатно е дека бил римски граѓанин. Бил пратен во Антиохија со апостолот Павле и Варнава на второто мисионерско патување, Заедно со Павле бил затворен во Филипи, а подоцна заедно патувале во Солун и Коринт (Дап 15).

Силоам – пратенканал низ кој водата од изворот Гијон, надвор од Ерусалим го полнела езерцето во самиот град, па во време на опсади, иаселението било снабдено со вода. Бил прокопан во 700 г.пр.И.Х. (долг 533 м, 4 Цар 20,20). Во 1880 г. е откриен натписот што бил поставен на изле-зот од каналот. Во новозаветно време, езерцето се нарекувало Силоам (Лк 13,4). Според Јв 9,7 Христос таму го пратил слепиот да се измие, после што прогледал.

1jazik2

Исус Христос со верниците

Силом– значаен израелски град подигнат на двата рида што ги раздвојувале Ерусалим од Ветил. Таму Исус Навин ги одвел израелските племиња по војувањето со Ханаанците. Светилиштето во Силом станало место на боравење на Ковчегот на Заветот, а за него се грижеле свештениците, пр. Илија, а подоцна и Самуил (ИН 18,1; Суд 18,31).

Сим– име, најстариот син на Ное, се смета за родоначелник на Семитите. Му бил лојален на татко му (1 Мој 9,27); в. Семити.

Симеон– спушање1) вториот син на Јаков и Лија. Јосиф го задржал како заложник, додека другите браќа да се вратат заедно со Венијамин. Симеоновото племе веројатно е апсорбирано од Јудиното, а самиот тој многу не се спомнува во СЗ (1 Мој 29,33); 2)  старецот кој во малиот Исус Го препознал Месијата и Го благословил, кога родителите Го довеле во храмот. Веројатно бил равин (рабин) (Лк 2,24-34).

Симон – 1) Симон Петар, ученикот, апостолот Петар (в. Петар); 2) вториот ученик, Симон Зилот, приладник на еврејското тајно здружение кое се борело против Римјаните (Лк 6,15); 3) братот на Исус Христос (Мт 13,55); 4) човекот од Кирина, кој го носел Христовиот крст на патот за Голгота (Мк12,21); 5) фарисеј кој разговарал со Христос во својот дом (Лк 7,36-50); 6) Симон Искариот, таткото на Јуда (Јв 6,71).

Симон Магот – волшебник, имал големо влијание во Самарија, па тамошните жители мислеле дека е пратен од Бога. Во христијанство го обратил Филип,но мислел дека од Петар иЈован може да ја купи силата на Светиот Дух. Петар го укорил, а Симон го замолил за прошка (Дап 8,9-25). Купувањето на црквени чинови се нарекува симонија, токму според него.

Симон Макавеј – наследникот на Јонатан Макавеј и брат негов. Го освоил Ерусалим од Сиријците во 141г. пр. И.Х. и Евреите се здобиле со независност. Бил прогласен за владетел и велесвештеник, а зачетник е на династијата на Хасмонеите, која била признаена и од Римјаните. Го наследил Јован Хиркан! (134-103 г.Пр.И.Х.) Во негово време разурнат е храмот на Самарјаните во Гаризим. Последниот макавејски цар бил поразен од Ирод во 37 г. Така завршила нивната династија; в. Книги за Макавејците.

Син човечки – израз кој првобитно означувал само човек, или ја заменувал личната заменка тојт одн. јас, Во јудејската апокалиптична литература претставува небесно битие, на кого Бог му го предал последниот суд (Дап7,13). Еден посебен религиски правец го поистоветува со Месијата, Спасителот на Божјиот народ. Христос го користел овој израз во З. лице и така укажал на Своето постоење на земјата (Мт 9,6), но ина идната служба како Судија (Мт 25,31).

1jazik3

Синагога

Синагога – син=со, аго=водам – градба или место кое Евреите го користеле за молитва и верска настава (Лк 4,16; 7,5). Потекнуваат веројатно од времето на вавилонското ропство, кога на Евреите им било оневозможено да служат во храмот, кој е разурнат во 586 г.пр.И.Х., па се појавил нов начин на богослужење, под притисок на новите околности. На тој начин се спречувала асимилацијата на еврејската вера и култура од страна на вавилонската. Состаноците се одржувале секоја сабота и на нив учените луѓе ги објаснувале законите на заедницата. Синагогата била под надзор на старешините, а се бирал и врховен старешина, од страна на заедницата. Тој се грижел за зградата, за имотот и јавното богослужење (Лк 13,14; Дап 13,15). Оттука е јасно како Исус и апостолот Павле се поучувале во синагогите (Мт 13,54). Старогрчкиот збор синагога се однесува на собирот. Евреи кои се состанувале и богослужеле во зградата (Мк 1,23; Лк 4,20). Еврејскиот збор за заедница е кнесет.

Синај – вулканска планина на југ на Синајскиот Полустров. Се нарекува и Хорив, или едноставно „планина”. Таму Бог склучил сојуз со израелскиот народ и Мојсеј ги примил Десетте Божји заповеди, а пророкот Илија имал визија (2Мој19,18;5Мој5,2;3 Цар19,8). Арапите денес ја нарекуваат Џебел Муса, т.е. Мојсеева Гора. Затоа апостол Павле вели дека Агара е гората Синај (Гал 4,24-25).

Синедрион – собрание, главниот и врховен совет на Евреите, од отприлика 3 в.пр.И.Х. до 70 г. Го сочинувале 70 членови и во него влегувале свештеници, фарисеи и садукеи. Состаноците се одржувале во храмот. Можеле да донесат и смртна пресуда, но во новозаветно време не можеледа ја извршат без согласност на римската власт. Терминот Синедрион е старогрчки изначи ‘заедно да се седи’. Членовите седеле во полукруг, со претседавачот во средина, обично тоа бил првосвештеникот. Судењето на Исус енеобично заради состанувањето во куќата на првосвештеникот,

Синоптички евангелија – првите три евангелија се нарекуваат така, според старогрчките зборови ,,син”=заедно и ,,опсис”=гледање. Тие го опишуваат животот на Исус Христос со заедничко гледиште. Често пати исти реченици или делови од реченица, се користат при опис на некои настани. Четвртото евангелие (според Јован) е сосема различно од нив. Додека во нив се опишани настаните, во Четвртото има длабоки мисли за самите настани, без да се прераскажуваат. Тоа е пишувано за луѓе кои веќе ги познавале првите три и намената му е да ги надополни.

Сион -1) брег на југоисток од Ерусалим, на него бил подигнат градот на Евусејците, кој бил освоен од царот Давид. После тоа се нарекува Давидов град (2Цар5:7; 1 Лт 11,5). Во подоцнежните времиња Сион го означува брегот на храмот, целиот град и неговите жители (Пс48,13; Ам6,1). Сионе значаен во пророчката и богослужбената книжевностсо значење на Божји град (Пс 48,2; Ер 31,6). Се нарекува уште и град на Јахве (2 Мој 30,14), Свет рид (Пс 2,6), Божјо пребивалиште (Пс9.12). Сион е симбол на новото спасение во времето на ропството, оттаму се објавува Бог (Ам 1,2), праќа помош и дава благослов (Пс 128,5; 134,3). Во НЗ е место на искупените (Евр 12,22) и слика на конечното спасение (Откр 4,1); 2) аморејски цар кој одбил да им дозволи на Израелците да минат низ неговата земја на патот за Јорданската долина. Но бил поразен од нив и убиен заедно со неговите синови {4 Мој 21,21 -28).

Сиракуза – главниот град на Сицилија, каде апостолот Павле поминал три дена на своето патување од Малта во Рим (Дап 28,12).

Сирах – девтероканонска книга од Исус, синот Сирахов, во Вулгатата се води како Еклезиастикус. Спаѓа во мудросните книги. Пишувана е во времето од 180 до 170 г.пр.И.Х. Долго време постоела само во старогрчкиот превод. Сега е пронајден и еврескиот текст на книгата.

Сирија– земја на Асирците, меѓу Еуфрат и Средоземното Море, јужно од планинскиот венец Таурус со Дамаск во центарот. Обете еврејски царства, Израел и Јудеја, имале блиски односи со Сирија, понекогаш пријателски, а понекогаш не. Но постојано сириското влијание било многу силно (Суд 10,6). Подоцна Сирија влегла во рамките на Персиското царство. Во 333 г.пр.И.Х. ја освоил Александар Македонски, за конечно да стане римска провинција со главен град во Антиохија. На тоа укажува НЗ, кога зборува за Сирија (Лк 2,2). 

Сирофениќанка – паганка. која живеела близу до филиситејските градови Тир и Сидон, чија ќерка Исус ја исцелил (Мк 7,24-30).

Сисара – војсководец на Ханаанците во војната против Израелците во 12 в.пр.И.Х. Го победиле пророчицата Девора и Варак во битката која ја окончала доминацијата на Ханаанците. Сисара се сокрил во шаторот на Јаил, и таа таму го убила (Суд 4-5).

Сит– надокнадентретиот син на Адам и Ева, роден по смртта на Авел (1 Мој 4,25).

Ситим-1) израелски логор и град во високите моавски равници, од каде Исус Навин пратил извидници да ја разгледаат ветената земја (ИН2,1); 2) багрем (Ис 41,19). Од ситим било ковчежето во кое го оставиле Мојсеј на водите на Нил, додека бил новороденче (2 Мој 2,2), Имало и предмети во храмот направени од тоа дрво.

Продолжува  

Пишуваат:

1jazik4 ПЕТКО ЗЛАТЕСКИ И

1jazik5СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *