СВЕТЛЕ (СТИВ) СТАМЕВСКИ – МАКЕДОНСКИ БИЗНИСМЕН ВО САД

ОДРИ – СЕЛО УБАВО – СЕЛО ГОЛЕМО

Тетовското село Одри, родното место на Светле Стамевски и неговото семејство е големо и старо македонско село кое се наоѓасреде полошката убавина. Тоа е вгнездено во полошката питомина, повеќе векови: каде  живее, се гради, се развива, се шири со албанско население и тагува што Македонците се иселуваат 

Моето патување од Скопје го започнав во утринските часови и за четириесетина минути стасав во Тетово. Таму ја започнав посетата на  центарот на Полог – Тетово, каде, меѓу другото, се запознав дека тоа е град со неколку цркви и џамии. Го посетив  Соборниот храм „Свети Кирил и Методиј“ кој претставува една врвна црковна архитектонска градба, и е еден од најубавите храмови, не само во полошкиот крај, туку и пошироко во Република Македонија. Граден е на ново место од понов период, токму за време на Илинденското востание во 1903 година.

Меѓутоа, Тетово и Полог се најпознати по Лешочкиот манастир „Свети Атанасиј“ и храмот „Пресвета Богородица“, подигнат во 1326 година. Освен изгледот и историската вредност на храмот, тука особено внимание привлекува фреската „Страшниот суд“ и обликуваниот симбол со тули „Сонцето од Кутлеш“ кој се наоѓа над влезната врата.

Вниманието на посетителите го привлекува и старата градба на „Свети Атанасиј“ лоцирана над селото, како и новата манастирска црква, изградена во манастирскиот комплекс во дваесеттите години на минатиот век, која беше минирана и разрушена за време на воениот конфликт во 2001 година, а сега обновена и доведена во првобитната положба, во чија непосредна близина се наоѓа вечното почивалиште на познатиот македонски преродбеник Кирил Пејчинович – Тетоец.

Појдов по патот кој води кон селото Одри кое се наоѓа во североисточниот дел на Горни Полог, на територијата на Општината Теарце, чиј атар се издига до сртот на Шар Планина. Селото е ридско, на надморска височина од 650 метри. Од градот Тетово населбата е оддалечена дваесеттина километри.

Патникот намерник кој ќе го посети селото Одри, не пропушта да не се насладува на убавините на Шара Планина, чиј највисок врв достигнува 2760 метри и каде се наоѓаат планинските езера Ливадичко, Црното или Белото, како и планинарскиот дом Јелак и рибарската куќа Лешница, место за љубителите на лов на диви кози.

1zubovc1Улица во Одри

Од главниот пат кој води кон Вратница се упатив кон Одри, кое се наоѓа среде полошката убавина, вгнездено во полошката питомина. Повеќе од седум века Одри живее, се гради, се развива и тагува, се шири со албанско население и тагува што Македонците се иселуваат. Едно од најраскошните села во Тетовско, во чии атари се наоѓаат и корените, оттаму е потеклото на фамилијата Стамевски.

Одри, родната грутка била и ќе биде место каде што е Стамевскиот семеен дом и денес, се разбира, современ голем и раскошен и каде што и третиот потомок Светозар- Светле, no дедото Крсте и таткото Тврдомир, доаѓа и секогаш останува колку што може подолго.

Горделиво го раскажува Светле (Стив) Стамевски каде и да е, низ семејното стебло и низ останатите комшиски и маалски приказни, за над 700-те лета постоење, кои биле време на тегоби, маки, проблеми, ропство, терори, но и време на непокор, жилавост, подеми, успеси, радост и среќни мигови.

Во историјата за Тетово и Тетовско, селото Одри се споменува во XIV век, меѓу 27 селски населби кои уште тогаш биле богато населени места. Веќе кон крајот на 19 век, околу 1890 година, Тетово броело 19.200 жители, од кои 8.500 Македонци, 9.000 Турци, 1.200 Роми и 500 Албанци. Co раз-војот на градот, овие населби флуктуираат така што во некои од нив, како Одри, на пример, бројот на жителите опаѓа, а кај селата Теарце, Пирок и Камењане, рапидно расте. А имало и такви, како Једоарце, Сетоле, Отуње, Варвара и други, кои доживувале комплетна депопулација.

Црквата „Свети Димитрија” во село Одри, во почетокот на XIV век била имот на манастирот Грачаница. Во средината на XV век (1568 година) Одри е меѓу селата со највисок данок во жито од 275 товари, наспроти Гостивар, со 231 товар. Од 1453 година кога во Одри имало 67 семејства, 4 вдовици и 16 неоженети момчиња, нивниот број во 1468 година се зголемува на 71 семејство, 8 вдовици и 5 неоженети мажи. Во средината на XV век (1545 година) бројот на семејствата се зголемува на 82, на вдовиците 6, а на неоженетите – 9. Најмногу неоженети мажи се евидентирани во 1568 година – 21. Во овој период, освен Македонци, други националности не се регистрирани. Тоа значи дека Одри во средниот век било чисто македонско село.

1zubovc2

Селото Одри се наоѓа во североисточниот дел на Горни Полог, на територијата на Општината Теарце, во која и припаѓа. Атарот зафаќа простор од 11 километри квадратни. На него шумите зафаќаат површина од 352 хектари, на обработливото земјиште отпаѓа 320 хектари, а на пасиштата 231 хектар. Селото, во основа, има земјоделска функција. Во него работи осумгодишно училиште, има амбуланта, споменик за НОБ (Народно ослободителната борба) и неколку услужни објекти.

Во селото постоела црква “Св Димитрија”, која што се спомнува vo XIII-от и XIV-от век. Меѓутоа, таа не е зачувана. Во XIX-от век била изградена црквата “Св. Никола”. Одри е голема населба, која што во 1961 година броела 1.363 жители, од кои 842 биле Албанци, a 518 жители Македонци. Во 1994 godina бројот на населението се зголемил на 1608 жители, од кои 1436 се Албанци, а само 168 Македонци и четири жители Срби.

Денес, селото Одри со своите 1.600 жители, од кои само стотина жители се Македонци, спаѓа на територијата на општината Теарце, која се наоѓа во северозападна Македонија, односно Горни Полог. Општината се наоѓа на левата страна на реката Вардар и припаѓа на неговиот слив посредно преку реката Бистрица. Како подпланинско подрачје на југоисточната страна на Шар Планина има различна релјефна структура. Се граничи со општините: Вратница, Јегуновце, Џепчиште, мал простор со Тетово и со поголема должина со границата со Србија, односно денес Косово.

Продолжува 

1slave Пишува: СЛАВЕ КАТИН

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *