Седници на собраниските комисии за локална самоуправа и за економски прашања

Во Собранието на Република Македонија седници ќе одржат комисиите за економски прашања и за локална самоуправа.

На дневен ред на Комисијата за економски прашања измени и дополнувања на повеќе закони, поголем дел предложени од пратениците од владејачкото мнозинство. Ќе бидат разгледани измените на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, на Законот за јавните претпријатија, на Законот за метрологијата, на Законот за Геолошкиот завод на Република Македонија, на Законот за основање на Агенција за поддршка на претприемништвото на Република Македонија, на Законот за трговските друштва, на Закон за основање на Агенција за странски инвестиции и промоција на извозот на Република Македонија, на Законот за Државната статистика, на Законот за основање на Агенција за енергетика на Република Македонија, на Законот за основање на Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија, на Законот за државен пазарен инспекторат на Законот за стандардизација, на Законот за заштита на конкуренцијата, на Законот за индустриската сопственост, на Законот за акредитација, сите во прво читање.

Членовите на Комисијата за локална самоуправа ќе расправа за измените и дополнувањата на Законот за рамномерен регионален развој и на Законот за Државниот инспекторат за локална самоуправа, двата во прво читање и предложени од пратениците од владејачкото мнозинство.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *