Лидерот на Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ ) и пратеник во албанскиот Парламент, Васил Стерјовски, денеска оствари работна средба со шефот на политичкиот и економскиот оддел на Амбасадата на САД во Албанија, Иан Крафорд.
-Средбата беше остварена во просториите на законодавниот дом во Тирана, по барање на господин Крафорд. Разговаравме за положбата на македонското малцинство во Албанија, предизборната кампања во Албанија, како и моите активности како пратеник во албанското Собрание, информираше Стерјовски.
Посочи дека ја изнесол оценката дека САД се наш стратешки партнер и гарант за почитувањето на правата на малцинствата во Албанија.
Стерјовски стана пратеник во мај 2019 година и во оценката на релевантни институции е еден од најактивните.
На претстојните парламентарни избори, што ќе се одржат на 25 апрли, тој е на кандидатската листа на Социјалиатичката партија во Избора единица за округот Корча, од каде го доби и првиот мандат.
Muchas gracias. ?Como puedo iniciar sesion?