Груби – Мета: Патот на заедничката интеграција во ЕУ мора да заврши успешно

Патот на заедничката интеграција на Скопје и Тирана во ЕУ е полн со предизвици, но мора да се финализираа со успех за двете земји чија цел е големото европско семејство, порачаа првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и албанскиот претседател Илир Мета.

На денешната средба во Тирана, Груби оцени дека билатералните односи меѓу двете земји се на многу високо ниво. Тоа го истакна и Мета, нагласувајќи дека нема никакви спорни прашања, а соработката во сите сфери продолжува.

оридорот 8 беше една од темите за кои стана збор. Двајцата соговорници истакнаа дека овој проект е од голема важност, бидејќи поврзува повеќе балкански земји и ќе влијае на економскиот развој.

Груби на ова средба ја отвори и темата за пописот, нарекувајќи го „витален проект за Албанците во земјата и дијаспората“. Со Мета апелираа масовно да се регистрира дијаспората за да се знае точниот број Албанци кои живеат во РСМ.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *