Благодарствена химна кон Пресвета Богородица

По молитвите кон Бога

На Свети Јоаким и Ана,

Бог им даде ќерка единица,

Пресвета Дева Марија.

Бог им даде ќерка единица,

Пресвета Богородица.

Се роди Најмилостивата,

Од сите мајки на светот,

-Мајката на нашиот Господ,

Спасителот Исус Христос.

 

За Пресветата и Пречиста Дева Марија, милозвучно проповедаат низ сите векови безброј проповедници. Божјата Мајка ја воспеваат безброј поети. На Неа &  се молат безброј христијани. Таа е Мајката на нашиот Господ Исус Христос. Таа го носела во Својата утроба Бога и затоа Таа е најголем украс на Црквата, и најубавата круна на Црквата Христова, најубавиот цвет. Бог е нашата најголема љубов во сета вселена и Тој благослови, тој најубав цвет да ја украси и нашата земја Македонија.

“Мајката Божја, Пресвета Богородица со стапнувањето (присуството) свое, на македонската земја, ја благослови и таа постана света земја, матица на христијанството за Европа.” Затоа “не постои христијанска земја и Христова црква во светот да не знае за Македонија” чие име е овековечено како во Стариот, така и во Новиот Завет. (МПЦ, Американско-канадска епархија, 25-ти јубилеен црковно народен собир, 3-6 септември 1999 година, Краун-Поинт, САД).

Богородица ни е дар од Севишниот и со Неа светот е богат со најскапото што човештвото може да го има, богати сме со една Божја близина, зашто таа е наша посредничка пред Бога. За Нејзината слава, за Нејзината светост низ сите векови, овие денови во Македонската Православна Црква се одржува Благодарствената химна кон Пресвета Богородица – Акатист. Овој празник е потреба на целиот христијански свет за добивање морална сила и поддршка од посредничката меѓу небото и земјата, заштитничката на светот, патеводителката во вечниот живот, Пресвета Богородица. Богоневестата преку која ни дојде помилувањето со Бога, со молитвите упатени кон Бога, е закрилница не само на поединци кои ја бараат Нејзината помош, туку и бранителка на православните држави, а тоа најдобро се гледа преку Акатистот на Богородица кој е составен по повод ослободувањето на Цариград со Нејзина помош. Оттука всушност потекнува и изворната смисла на овој голем Богородичен празник, на кој се воспеваат чудесните настани во Светата Земја. “Оној Кој, слегувајќи Небесата ги приклони, целиот во Тебе незаменливо се сместува: Гледајќи како во утробата Твоја лик на слуга Он примил…” (Тропар на Акатистот).

Од сите девојки на светот, од сите родови и племиња, Бог ја избра Светата со тело и дух Пречиста Дева Марија да Го роди Божјиот Син. Затоа во првиот дел на “Благодарствената химна кон Пресвета Богородица” – Акатист, Таа е наречена “Утроба на Божественото овоплотување”. Се воспева нешто што се случило во галилејскиот град Назарет, нешто неизмерно важно за Неа и за светот. Испратен од Бога, од небесните сфери, слетал ангелот Божји Гавриил во светлост архангелска, застанал пред Дева Марија, и откривајќи го предвечниот Божји план, воскликувајќи  &  рекол: “Радувај се, благодатна! Господ е со тебе! Благословена си ти меѓу жените!… И ете, ти ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син, и ќе Го наречеш со името Исус.” (Лука 1, 28, 31). Значи, Архангелот Гавриил ја отворил историјата на Новиот Завет со зборовите: “Радувај се!”, за да му објави со тоа на светот, дека Новиот Завет ќе биде радост за луѓето и за сето создадено на светот. Затоа Светата Црква преку оваа Химна воспева дека Таа ќе биде почеток и Началница на Христовите чуда, основа на Неговите вистини, Тајница на неискажливата Светлина, Ѕвезда Која Сонцето Го објавува. Ангелот, нарекувајќи ја Богородица Височина која е недостижна за човечките помисли, но и Длабочина која и за ангелските очи е несогледлива и во која и со ангелски очи тешко се проникнува, стоејќи пред Неа &  воскликнувал: “Радувај се, низ Тебе радоста заблеска;…низ Тебе клетвата исчезна! Радувај се, на паднатиот Адам исправување;…на Ева од солзите избавување!… Радувај се, зашто царски престол си;…зашто Го носиш Носителот на с#!… Радувај се, низ Тебе тварта се обновува;…низ Тебе на Творецот, Му се поклонуваме! Радувај се, Невесто Неневестна!” Пресвета Дева слушајќи ги зборовите на ангелот, знаејќи дека е Пречиста, смело му вели дека неговите чудни зборови тешко може да ги прими Нејзината душа. Премудрата Дева сака да го разбере недостижното за човечкиот разум и извикува: “Како ќе биде тоа, кога јас не знам за маж?” Архангелот &  објаснува дека Светиот Дух ќе слегне на Неа и силата на Севишниот ќе ја осени, “па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји.” Таа Невеста Неневестна, Која со Својот разум ги надминува мудрите, сфатила дека зборовите што ги слуша од ангелот не се обични, туку тие се порака од Бога. Затоа со длабоко смирение и со целосна своја согласност му одговара: “Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите Твои!” (Лука 1, 38). Овие кротки, послушни и покорни зборови – нека ми биде според зборовите твои, го свиткаа небото. Овој Нејзин одговор што е во согласност со Божјата волја, го слегна на земјата Синот Божји и вечното Слово стана плот. Таа го прими во Својата утроба, бессемено зачна и го роди Синот Божји Кој стана Син човечки (Бого – Човек). Бог е Љубов, Бог е нашиот сакан Отец, почетокот и крајот на светот се во Негова власт. Божјата Мајка е сета наша надеж и љубов. А има ли посилно од љубовта и од нашата надеж? Надежта н# напушта последна, зашто таа е посилна дури и од смртта. Затоа не смееме никогаш да ја изгубиме. Богородица никогаш не го напушти светот.

И веќе дваесет векови

Не може с# да се искаже,

и веќе дваесет векови

не може с# да се испее,

за Тебе наша Закрилнице,

за Тебе Богородице.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *