Северна Македонија нема да добие помош од солидарниот фонд на ЕУ

Северна Македонија нема да добие средства од пакетот финансиска помош од околу 530 милиони евра како дополнителна поддршка во рамките на Солидарниот фонд на ЕУ.

Претседателката на Европската комисија, Урсула Фон дер Лајен на Твитер ги објави земјите кои ќе бидат опфатени со овој пакет. На листата се 17 земји од ЕУ и три држави кандидати – Србија, Црна Гора и Албанија, но и не и Северна Македонија.

– Помошта е за да се ​​покријат трошоците за медицинска и заштитна опрема, итна помош, превенција, следење и контрола на ширењето на болеста, напиша Фон дер Лајен.

Од пакетот вреден 529.347.741 евра, Србија треба да добие речиси 11,968,276 евра, Црна Гора 199,505 евра, а Албанија 905,271 евра

Според Секретаријатот за европски прашања, причината што Северна Македонија е изоставена од помошта е поради тоа што во првиот бран од здравствената криза, земјата не направила доволно расходи за да се квалификува за помош преку Фондот за солидарност на ЕУ.

– Поддршката од ФСЕУ беше условена со оптоварување врз јавните финансии со минимален праг од 1,5 милијарди евра (цени од 2011 год.) или 0,3% од бруто националниот доход (БНД) на потенцијалната земја-апликант. Во апсолутни бројки, во случајот на Република Северна Македонија овој праг изнесуваше 30.852.000 евра и истиот не беше достигнат, со оглед на тоа дека износот на пријавените итни трошоци од институции/општини изнесуваше 7.670.831 евра.

За финансиска поддршка преку ФСЕУ се квалификуваа расходи во здравствениот сектор настанати или предвидени да настанат во период од 4 (четири) месеци, сметано од датумот кога земјата која што аплицира официјално вовела одредени заштитни мерки или пак прогласила вонредна состојба. Референтен период во оваа смисла за земјата беше периодот 10.03. – 09.07.2020 год., соопштија од СЕП.

 

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *