Битиќи – Абазовиќ: Регионална конкурентност наместо регионална конкуренција за развој на балканските економии

Балканските земји мора да ја развиваат конкурентноста, а не конкуренцијата. Регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за земјите од Западен Балкан, порачаа денеска вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ.

На билатералниот состанок во Скопје, Битиќи и Абазовиќ ги разгледале можностите за продлабочување на економската соработка, но и го отвориле прашањето за создавање т.н. зелен коридор за туристите во претстојната сеозна кој ќе овозможи нивно непречено патување.

Заеднички бил и заклучокот дека двете земји мора да се фокусираат на владеење на правото, како и на борбата против корупцијата и организираниот криминал. На европскиот пат треба да си помагаме, оценија Битиќи и Абазовиќ, напоменувајќи дека регионот мора да направи исчекор и да ги прифати правилата на развиениот, демократски свет.

-Една од темите секако беше и мини шенгенот, но јас претпочитам да зборуваме за економската соработка зашто еден од клучните предизвици на сите влади во регионот е работатата што треба да ја направиме за нашите економии. Не треба да си конкурираме еден на друг, туку заедно да работиме. Ова се чекорите кои ќе ги операционализираме и на кои ќе работиме заедно, истакна Битиќи.

Како што истакна Абазовиќ, земјите од регионот треба заедно да ја исцртаат патеката за европската  иднина. Регионот е изморен од караници, напорите на земјите треба да се насочат кон економијата, порогресот и животниот стандард.

-Да се посветиме сите заедно на ова, мора да создаваме нова вредност. Земјите од Западен Балкан мора да направат исчекор, да се сменат, да се однеусваат поинаку, да ги прифатат правилата на демократскиот свет. Тоа е интересот на нашите земји, не само на ЕУ. Ако тоа не го постигнеме ќе биде сеедно дали е тоа заеднички или поединечен неуспех. Нашата рака е подадена на сите земји од Западен Балкан, истакна Абазовиќ.

Тој ги повика македонските граѓани своите одмори да ги поминат во Црна Гора. Притоа напомена дека за да биде успешна претстојната сезона мерките мора да се почитуваат, треба да се постигне добра бројка со вакцинацијата и да се работи на тоа да нема карантин при враќањето во земјата.

Потпретседателот на Владата на Црна Гора, Дритан Абазовиќ е во официјална посета на Република Северна Македонија на покана на вицепремиерот Битиќи. Во текот на посетата Абазовиќ ќе се сретне и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, со првиот вицепремиер, Артан Груби, како  и со министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

 

One thought on “Битиќи – Абазовиќ: Регионална конкурентност наместо регионална конкуренција за развој на балканските економии

  1. Fantastic article! Your perspective on this topic is truly insightful. For those looking to explore this further, I found an excellent resource that complements your points: READ MORE. I’m eager to hear what others think about this!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *